Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонскиот бенд BDM првпат ќе настапи на EXIT во Нови Сад

„Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат момците Бане, Мартин и Дуле, членовите на BDM.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-01.jpg

Македонскиот бенд BDM на 8 јули 2023 (сабота) ќе настапи на еден од наголемите светски музички фестивали, EXIT.

Ова ќе биде прв настап на BDM во Нови Сад, а сцената ќе ја делат со некои од најголемите имиња на светската електронска музика.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-04.JPG

Тие ќе се претстават со музиката од албумот State of Mind, кој го промовираа пред крајот на 2022 година, а ексклузивно на настапот на Петроварадинската тврдина ќе ја промовираат и новата песна Synapsis.

„Ова е голема чест, но и успех, што ќе бидеме дел од артистите што ќе настапат на EXIT и што можеме да дадеме придонес како македонски претставници на фестивалот. За нас, ова е еден вид награда за сиот минат труд“, велат Бане, Мартин и Дуле.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-03.jpg

Освен што ќе настапат на EXIT, BDM се во преговори и за настап на неколку фестивали низ Европа.

Тие веќе подготвуваат материјал за нивниот следен албум, а истовремено работат и на соло музички проекти и неколку соработки со артисти од земјава и регионот.

makedonskiot-bend-bdm-prvpat-kje-nastapi-na-exit-vo-novi-sad-02.JPG

Погледнете го видеото од нивниот албум снимен во „Пошта“:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што се крие зад новиот спот на бендот? Откријте го први мистериозниот момент! - Интервју со Филип Ст... „После извесно време на проби кај бубњарот и после склопување на репертоарот на ...
Анастасија Ражнатовиќ објави две нови песни наеднаш, по подолга пауза (видео) По затишјето и фокусот на приватниот живот, Анастасија Ражнатовиќ се враќа со дв...
Дарко Андонов ДААН со нова динамична песна во модерен диско ритам Дарко Андонов а.к.а ДААН во вторникот на 30ти Јули го промовираше својот на...
Објавена е новата песна „Милост“ на Наталија Данаилова „Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидеј...
Наташа Миха објави песна со видео запис снимен во Кина - слушнете ја „Тука со мене“ Македонската пејачка Наташа Миха објави нова песна, насловнеа „Тука со мене“, ка...
Емотивни балади и филмска акција: Саша Ковачевиќ ги помести границите со две нови видеа Посебно внимание привлече спотот за песната „Проклето и свето“, чие сценарио е с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg