Дали книгите за самопомош навистина можат да ни помогнат во животот?

Книгите за самопомош се нешто што луѓето честопати го бараат кога не гледаат друг излез. Овие книги се многу популарни кај жените кои веруваат дека скриената среќа може да се пронајде меѓу кориците на овие книги.

Dali knigite za samopomos navistina mozat da ni pomognat vo zivotot 01

Колку навистина можат да ни помогнат книгите за самопомош и дали нè прават посреќни?

Многу луѓе се потпираат премногу на книгите за самопомош, наместо да бараат вистинско решение за проблемот и да ја бараат среќата во себе, а не во книгите.

Постојат многу митови поврзани со овие книги за самопомош. Еден од нив е дека ни требаат повеќе работи за да бидеме среќни. Но колку повеќе работиме на себе сфаќаме дека сме, всушност, посреќни кога имаме помалку, а не повеќе.

Со зголемување на самодоверба се намалува потребата за материјалните работи, затоа што сме доволно сигурни во себе за да бидеме среќни и без пари.

Вториот мит што обично се сервира во книгите за самопомош е дека секогаш мораме да бидеме позитивни за да бидеме среќни. Кога целосно би се посветиле на позитивноста, односно, потреба да размислуваме позитивно цело време, би ја изгубиле можноста да истражуваме.

Dali knigite za samopomos navistina mozat da ni pomognat vo zivotot 02

Да се биде позитивен е одлична работа, но да се биде реален е уште подобро.

И, конечно, најголемата заблуда што овие книги ни ја служат е дека интроспекцијата е многу едноставна. Но, интроспекција и работа на себе секогаш носи болка.

Повеќето луѓе се откажуваат многу брзо кога ќе сфаќаат дека среќата доаѓа само кога ќе се соочиме со проблемите, а не кога ги избегнуваме.

Треба да разбереме дека не можеме да ги пронајдеме одговорите во работите што нè опкружуваат. Секогаш треба да започнеме од себе, бидејќи тука треба да се случат сите промени.

Најголемата пречка за среќата е слепото држење кон минатото. Додека не научиме да простиме или заборавиме, нема да можеме да живееме исполнето.

Dali knigite za samopomos navistina mozat da ni pomognat vo zivotot 03

Заборавете на соништата што сте ги надминале или што не сте ги оствариле. Добро е да имате соништа и да се трудите да ги остварите, но штом ќе почнат да влијаат на квалитетот на животот, треба да станеме реални.

На крај, среќата е индивидуална. На некои луѓе им е полесно да бараат совети од книги, статии или видеа, додека некои луѓе своите проблеми ги решаваат на поинаков начин.

Дали книгите за самопомош можат да ни помогнат во животот? Можеби, но запомнете, среќата е индивидуална, секогаш треба да имате доза на скептицизам и да се обидете да ги решите проблемите со помош на здрав разум, а не исклучиво туѓи пишани искуства.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак? Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, ...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg