Листа со книги кои Бил Гејтс препорачува да се прочитаат
Bad Blood
Оваа книга го опфаќа подемот и падот на Theranos, биотехнолошка компанија оформена од Елизабет Холмс. Наскоро ќе има и филмска адаптација, со Џенифер Лоренс во главната улога.
21 Lessons for the 21st Century
Книгата се фокусира на проблемите и предизвиците со коишто се сочуваме денес. Препорачливо е пред да ја почнете оваа, да ги прочитате двете претходни книги на авторот кои се фокусираат на минатото и иднината.
The Headspace Guide to Meditation and Mindfulness
Доколку сè уште не сте ја совладале техниката за медитирање, оваа книга е одлична за вас. Пред инструкциите, авторот ја раскажува и својата лична приказна – од студент од будистички свештеник.
Leonardo da Vinci
Можеби знаете за неговата уметност, но оваа книга ќе ви ги открие интересите и аспектите од животот на Леонардо што веројатно досега не сте ги слушнале.
Everything Happens for a Reason and Other Lies I’ve Loved
Ова е смешен и срцепарателен мемоар на Кејт Баулер која имала рак на дебелото црево.
Origin Story: A Big History of Everything
Оваа книга опфаќа 13.8 милијарди години историја. Откако ќе ја завршите ќе почнувате да се прашувате за вашето постоење и вашето место во универзумот.
Factfulness
Гејтс изјавил дека ова е една од најдобрите книги што ги има прочитано. Книгата нуди навистина уникатна перспектива на кризите и можностите на глобалната иднина.
The Sympathizer
Ова е приказна за комунистички двоен агент за време на Виетнамската војна. Книгата нуди „неамериканска“ перспектива на војната, а Гејтс навистина го ценел ова.
Спирова С. | Црнобело