3 нови наслови кои вреди да ги понесете на плажа
Една од најубавите работи во летниот период е што денот е подолг и имаме повеќе светлина за читање книги.
За многумина ова можеби ќе звучи смешно, но вистинските љубители на добрите книги знаат точно на што мислиме. Овој пат за вас одбравме 3 сосема нови наслови кои вреди да ги понесете со себе и да ги прочитате на плажа:
Мансарда - Марлен Хаусхофер
Сопруга на адвокат и мајка на две речиси возрасни деца. Мансардата е единственото место во куќата каде што таа се чувствува своја и слободна. Таму се повлекува за да слика и да побегне од своето монотоно, банално секојдневие.
Еден ден ќе почнат да ѝ пристигнуваат писма, а во нив се кријат страници од нејзиниот дневник кој го напишала пред многу години. Но, тоа е дел од минатото на кое таа не сака да му се враќа…
Човек во лавиринтот - Донато Каризи
13-годишната Саманта Андрети во едно ладно февруарскo утро брза со надеж дека да разговара со нејзината симпатија. Возбудена, таа застанува пред еден автомобил за да провери како изгледа.
Но, внатре, во мракот на автомобилот, таа здогледува зајак со големина на човек чии очи се во облик на срце. Изненадена од глетката Саманта не чувствува страв, дури ни кога зајакот ќе ја повлече во автомобилот…
Сопруга на хартија - Лајла Ибрахим
Родителите на Меј Линг кои живеат во Јужна Кина во 1923 година се очајни да ја обезбедат иднината на својата ќерка. Тие ѝ договараат брак со вдовец кој живее во Калифорнија. За да влезе во земјата, Меј Линг мора да се преправа дека е неговата прва сопруга – сопруга на хартија.
За време на опасното патување, Меј Линг го зема под својата закрила сирачето Сју. Но, кога конечно ќе пристигне во Сан Франциско, таму ја чека изненадување…
(О)Милена | Црнобело