Успешните луѓе ја прават разликата во петок (и во лето)!
Секогаш е вистински момент да почнете паметно да го користите своето време. Не чекајте го први во месецот, понеделник или да заврши летото за да направите нешто. Почнете денес.
Почнете тогаш кога другите се опуштаат и не прават речиси ништо. Успешните луѓе се разликуваат од останатите по промените кои ги прават во петок, за викенд, за време на летото или додека се на годишен одмор.
Времето го користат за да научат нешто повеќе, да постават повисоки цели за остварување. Според светските истражувања, во последно време луѓето почнаа да прават промени во својот личен и професионален живот користејќи го своето слободно време.
Симболично или не, тоа само ги руши стереотипите дека промени се прават во понеделник, на први во месецот и слично. Почнете денес! Почнете веднаш со остварување на своите желби, цели и идеали. Среќно!
Планирањето е клучно за вашиот успех!
Повеќето луѓе го имаат истиот проблем – недостиг на време. Времето е единственото нешто кое не се враќа, затоа внимателно и паметно планирајте го.
Сигурно сте размислувале зошто денот трае само 24 часа кога секогаш ни фали барем уште час-два за да завршиме уште некоја важна работа или едноставо да одмориме малку повеќе.
И секогаш брзате, трчате, а времето секогаш ви недостига! Само една работа може да ве спаси од овој проблем – тоа е планирањето! Со паметно планирање ќе ги добиете оние еден-два часа што ви недостигаат секој ден.
Како да го планирам својот ден?
Создавај секојдневни планови! Веднаш запиши сè што планираш да направиш во текот на денот. Запиши ги дури и малите, незначителни работи, зашто токму тие знаат да одземат најмногу време.
Важно е да ги поделиш обврските на приоритетни и помалку важни и итни активности.
#Приоритетните запиши ги со црвено пенкало (во боја).
Зацртаниот план – Научи да го следиш!
Тоа е најтешката фаза – планот да дејствува. Главното правило е да не брзаш и да очекуваш инстант резултати! Придржувај се до планот, биди истраен и трпелив.
Резултатите загарантирано ќе дојдат, по една недела или на долги патеки, но најзначајно е што ќе ја стекнеш рутината да приоретизираш и одговорно да се придржуваш до својот паметен план.
Сега ќе имаш слободно време и да испиеш кафе со пријателите... но и да одвоиш време за себе, за лична и нега на умот и духот преку учење, посета на културни збиднувања, читање книга и слично.
Сега не мора да се грижиш дека ќе заборавиш некој состанок или средба со пријателите, бидејќи сè е уредно запишано во твојот планУм. Имај на ум дека најуспешните луѓе секогаш го планираат своето време.
Дали веќе почна да го планираш својот утрешен ден? Дали знаеш што би можело да ти помогне во организирање на времето? Паметните ПланУми! Побарај ги во најблиската книжарница и почни да го менуваш својот живот во согласност со сопствените желби и потреби.
Повеќе за нив ТУКА