10-те најдобри книги од 2019-та година досега, според Амазон
Минатиот вторник, од Амазон ја прогласија новата книга на Елизабет Гилберт како најдобрата книга за оваа година. „City of Girls“ се најде на првото место од листа со 10 книги, направена од уредниците на Амазон.
Секоја година од Амазон објавуваат две листи со книги – Најдобрите книги од годината досега (во јуни), и Најдобрите книги од годината (во декември).
Јунската листа е веќе готова и можете да ја погледнете во продолжение:
1. „City of Girls“ – Елизабет Гилберт
Овој бестселер е сместен во Њујорк во 1940-тите во една театарската заедница. Приказната е за Вивијан, 19-годишна девојка која се отпишала од факултет и ѝ се придружила на нејзината тетка во Менхетен.
2. „The Silent Patients“ – Алекс Микаелидс
Главниот лик во овој бестселер е Алисија – нема сликарка која се прославува после несреќен настан.
Таа е затворена во психијатриската установа откако го застрелува нејзиниот сопруг. Алисија одбива да коментира за ова злодело.
3. „Once More We Saw Stars: A Memoir“ – Џејсон Грин
Започнувајќи со несреќа што ја убила неговата 2-годишна ќерка, Џејсон го следи опоравувањето на неговиот брак, како и одлуката да стане родител по втор пат.
4. „Mrs. Everything“ – Џенифер Вејнер
Оваа книга се фокусира на сестрите Џо и Бети. Од нивното детство во Детроит во 1950-тите, преку трауми и триумфи до турбулентните 1960-ти и 70-ти, оваа книга нема да ве остави рамнодушни.
5. „The Night Tiger“ – Јангце Чу
Сместена во Малазија во 1930-тите, оваа книга раскажува за девојка и 11-годишен слуга. Двајцата сакаат да ја решат мистеријата зад неколкуте убиства во нивната заедница.