5 романтични филмови кои ќе ги исполнат вашите есенски вечери со љубовна магија

Штом лисјата ќе почнат да ја менуваат својата боја, есента создава идеална позадина за секоја романтична љубовна приказна што чека да се раскаже. 

5-romantichni-filmovi-koi-kje-gi-ispolnat-vashite-esenski-vecheri-so-ljubovna-magija-01_copy.jpg

Ако есента и љубовта се комбинација која ја обожавате, тогаш погледнете ја оваа листа од романтични филмови кои ќе ги исполнат вашите есенски вечери со љубовна магија.

Не се нови, но будат посебни емоции кога ги гледаме:

Grease

По незаборавното лето, Сенди и Дени се разделуваат само за повторно да се сретнат есента кога Сенди несвесно се запишува во училиштето на Дени.

Искусете ги пријателствата, романсите и авантурите на група средношколци во 1950-тите. Добредојдовте во светот на пеењето и танцувањето на најуспешниот филмски мјузикл на сите времиња.

The Lake House

Приказната раскажува за маж и жена кои живеат во иста куќа во различни временски периоди и си пишуваат писма кои ги праќаат преку поштенското сандаче на куќата додека го одржуваат своето постоење во нивната сегашност.

Резултатот е донекаде збунувачки, но приказната на филмот е совршена за дождливо или студено есенско попладне. Во главните улоги се Сандра Булок и Киану Ривс, па сигурно нема бидете разочарани.

When Harry Met Sally

Ова е еден од ретките филмови што ја прикажуваат есента со сета своја убавина и многумина го сметаат за можеби, најдобра романтична комедија на сите времиња.

Не е љубовна приказна на прв поглед, туку љубов која се гради со текот на времето, а основата на нивната врска е пријателството.

Love Story

Ова е класична приказна за згодниот, претенциозен, богат дечко кој се заљубува во дрска, но паметна девојка од работничка класа и целата приказна е со трагичен пресврт, се разбира.

Дејството на филмот се одвива за време на есенскиот семестар на Универзитетот Харвард каде што Џени и Оливер се запознаваат и се заљубуваат, а како (и дали) продолжува нивната љубовна приказна ќе откриете сами.

About Time

Кога Тим ќе наполни 21 година, тој е изненаден кога дознава дека може да патува низ времето. Иако не може да го промени минатото, тој ја користи својата посебна способност да го живее секој ден како што треба, особено пред празниците. За овој филм задолжително ќе ви треба марамче.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
10 празнични филмови што ќе им бидат забавни и на возрасните Bad Santa и A Bad Moms Christmas се празнични филмови, но а разлика од повеќето,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg