10 филмови и серии инспирирани од британското кралско семејство кои вреди да ги изгледате
The Queen
Уште еден филм инспириран од принцезата Дијана.
Ова е биографска дама која ги прикажува настаните по смртта на принцезата Дијана во 1997 година.
Главниот лик е кралицата Елизабета која пробува да се справи со последиците.
Кралицата ја глуми Хелен Мирен, која доби и Оскар за изведбата.
The Young Victoria
Овојпат главниот лик е кралицата Викторија која седела на тронот до 1901 година.
Дејството се фокусира на нејзината младост, периодот кога седнала на тронот, како и нејзиниот брак со принцот Алберт.
Главната улога ѝ припаѓа на Емили Блант, а сценаристот има изјавено дека се потрудил дејството да биде историски точно.
The King
The King е адаптација на неколку драми од Вилијам Шекспир, додека еден од продуцентите на филмот е Бред Пит.
Дејството се фокусира на крунисувањето на кралот Хенри V и неговите обиди да се справи со војната што му ја оставил татко му.
Главната улога му припаѓа на Тимоти Шаламе.
The Madness of King George
The Madness of King George e историска комедија и драма која ја раскажува вистинската приказна за влошеното ментално здравје на кралот Џорџ III.
Кралот Џорџ имал болест која има влијание на нервниот систем и, на некој начин, полудел.
Во филмот, неговите поручници се обидуваат да ја водат земјата како знаат и умеат, додека кралот се справува со болеста.
Victoria
И овде инспирација е кралицата Викторија, но овојпат станува збор за серија.
Исто како филмот The Young Victoria, дејството на серијата се фокусира на периодот кога Викторија го наследува тронот на 18-годишна возраст.
Спирова С. | Црнобело