Филмови поради кои ќе го засакате летото и ќе почувствувате како да сте на мини одмор
Конечно и календарски го заокруживме почетокот на летото, а тоа значи – топло време, долги летни денови, сонце, море, плажа и многу ладни коктели.
Но, многумина кои ќе останат „заглавени“ во градовите може да се опуштат со следните филмови кои, макар на момент, ќе ве пренесат во вистинска летна идила. Ќе почувствувате дека сте на мини одмор, макар за неколку часа:
Sex and the City 2
Кери, Шарлот, Миранда и Саманта заминуваат на ексклузивно патување во Абу Даби. Работите полека почнуваат да излегуваат надвор од контрола.
How Stella Got Her Groove Back
Стела која работи како брокер на берза, е толку зафатена што заборава да си го живее животот. Но, патувањето во Јамајка се претвора во патување во кое се открива себеси, бидејќи наоѓа љубов.
Austenland
30-годишна жена Џејн ги обожава делата на омилената писателка Остин, а поради опсесијата со книгата „Гордоста и предрасудите“ заминува на одмор во тематскиот парк на Џејн Остин за да ја побара својата сродна душа.
The Sisterhood of the Traveling Pants
Четири најдобри пријателки од детството го поминуваат првото лето одвоени една од друга. Тие наоѓаат пар тексас фармерки кој им прилега на секоја од нив, а во обид да останат поврзани, постојано си ги препраќаат фармерките меѓусебно.
Mamma Mia
Додека Софи и нејзиното семејство се зафатени со подготовките за нејзината венчавка, таа тајно поканува тројца мажи кои во минатото ѝ биле љубовници на нејзината мајка, со надеж дека еден од нив е нејзиниот татко.
https://www.youtube.com/watch?v=iCVpJ8×1Tnc