Филмови и серии на кои ќе ги потрошите сите солзи и ќе ви го омекнат срцето
Понекогаш, сè што ни е потребно е добро да се исплачеме и да ја истуркаме сега тага од душата и срцето.
За вас имаме 5 одлични филмови и уште толку серии кои со сигурност ќе ви го омекнат срцето. Ќе истурите „една кофа солзи“ на секој од нив и дефинитивно ќе се чувствувате многу полесно откако ќе ги изгледате:
Irreplaceable You
Кога на Аби ѝ е дијагностициран рак, таа тргнува во мисија исполнета со нежност и хумор, за да му најде нова љубов на Сем, нејзиниот вереник и најдобар пријател уште од детството.
Marriage Story
Сценски режисер и неговата сопруга која е актерка се пред развод. Во таа исцрпувачка борба што ги носи од една во друга крајност, паѓаат сите маски помеѓу нив.
American Son
Отуѓен пар од различни раси повторно се обединува во полициска станица во Флорида кога нивниот 18-годишен син исчезнува.
All the Bright Places
Двајца средношколци, Вајолет и Теодор, се соочуваат со лични, внатрешни борби и формираат моќна врска што им помага да најдат утеха, но и да ги променат нивните животи на подобро.
Pieces of a Woman
Срцепарателното породување на една жена дома ја остава да се бори со длабоки емоционални последици, изолирана од нејзиниот партнер и семејството.