10 филмови кои гледаме одново и одново бидејќи секогаш ни го подобруваат расположението
The Emperor’s New Groove (2000)
Необичната приказна на шармантниот, но себичен император Куско е забавна, но и многу поучна.
По грешка, наместо да биде отруен, императорот Куско испива напивка што го претвора во лама. Па, ако сака да се врати во првобитната форма, ќе мора да соработува со селанецот што го презира.
Mrs. Doubtfire (1993)
Уште еден филм со Робин Вилијамс во главната улога кој сигурно ќе измами насмевка на вашето лице.
Плашејќи се дека ретко ќе ги гледа своите деца по разводот, Даниел се преправа во повозрасна дадилка. И, успева да добие работа во куќата на поранешната сопруга и неговите деца.
Legally Blonde (2001)
Романтичната комедија со Рис Витерспун е одлична за деновите кога не се чувствувате најдобро.
Откако Ел останува сингл бидејќи момчето ја остава за „попаметна“ девојка, таа одлучува да стане политичар и да се запише на Харвард за да му одржи лекција.
Toy Story (1995)
Ова е филмот што направи револуција во компјутерската анимација, но и филмот кој секогаш ќе нè потсетува на нашето безгрижно детство.
Главните ликови се играчките на момчето Енди кое не е ни свесно дека тие се живи.
Проблемот настанува кога на Енди му купуваат нова играчка која претставува закана за останатите. Играчките се плашат од најлошата судбина - да завршат во корпата за отпадоци.
The 40-Year-Old Virgin (2005)
Забавна и „лесна“ комедија за миговите кога само сакате да се релаксирате и малку да се насмеете.
Главниот лик, Енди, има 40 години и работи во продавница за електроника, а неговата најголема тајна е дека немал секс ниту еднаш во животот.
Штом неговите колеги дознаваат за ова, си поставуваат за цел да му најдат девојка.
Спирова С. | Црнобело