5 заразни „малку луди“ серии кои ќе ви го потрошат сето слободно време
За љубителите на интересните серии, имаме 5 одлични предлози кои ќе ви го потрошат сето слободно време. Дејствието е брзо, на моменти напнато, и проткаено со хумор, но и со солзи.
Доколку сте во потрага по добра серија, задолжително најдете време за:
The Woman in the House Across the Street from the Girl in the Window
Сатира на повеќе филмови и серии со слична тематика, со многу мрачен хумор, но и напнати елементи, приказната ја следи Ана, која под дејство на таблети и алкохол доживува халуцинации. Еден ден, таа неочекувано ќе види нешто низ прозорецот што ќе ја избезуми и ќе тргне во потрага по вистината.
The Flight Attendant
Касандра „Кеси“ Боуден е стјуардеса која има проблеми со пиењето. По страсната ноќ со непознат маж, нејзиниот живот се претвора во хорор. Проблемот е што Кеси не се сеќава точно што се случило, но е цврсто решена да го открие одговорот.
https://www.youtube.com/watch?v=OP_WC5oOCe8
Dead to Me
Џен е вдовица, нејзиниот сопруг е жртва на сообраќајна несреќа. Таа е осамена и депресивна. Но, неочекувано ја запознава Џуди, весела, оптимистична млада жена која внесува светлина во нејзиниот живот. Но, и двете жени кријат мрачни тајни.
Russian Doll
Надија, млада жена е почесна гостинка на забава во Њујорк. Но, таа е вплеткана во мистериозна јамка додека постојано е на истиот настан и умира секој пат на крајот на ноќта. Следниот ден, Надја се буди неповредена како ништо да не се случило и го преживува истиот процес, одново и одново.
Euphoria
Нараторот на приказната е Ру, тинејџерка која има проблеми со дрога и предозирање. Останатите ликови се дел од нејзиниот секојдневен живот и сите го сочинуваат мозаикот наречен средно училиште и тинејџерите во модерното денешно општество.
(О)Милена | Црнобело