Натали Портман стравувала за животот, Хоакин Феникс мислел дека полудува – Актерите искрени за нивните најтешки улоги
На Адриен Броди му биле потребни шест месеци за да се соземе од снимањето на The Pianist, а Натали Портман неколкупати помислувала дека ќе умре додека траело снимањето на Black Swan.
Кога се подготвуваат за сериозна улога, холивудските актери целосно се внесуваат во ликот што го глумат, но неретко ова има големи последици врз нив во приватниот живот.
Некогаш актерите изгладнуваат за драстично да ја намалат тежината, некогаш почнуваат да се соживуваат со приказната на нивните ликови и нивното ментално здравје страда, а некогаш им е тешко да се вратат во реалноста и да се стабилизираат и по неколку месеци откако ќе заврши снимањето.
Што велат познатите холивудски актери и актерки за нивните најтешки улоги?
Хоакин Феникс во Joker
За потребите на филмот, актерот мораше да ослаби околу 20 килограми, а овој предизвик му создал проблеми и со менталното здравје.
„Штом ќе се доближите до посакуваната тежина, сè се менува. Едно од најтешките нешта е да се будите секој ден и да бидете опседнати со 1 килограм што ви останал. Сето ова создава нарушувања. А, драстичното слабеење има влијание и врз вашата психа. Почнувате да полудувате“.
Мајкл Б. Џордан во Black Panther
За да се подготви за улогата, Џордан вели дека целосно се изолирал од светот, но направил грешка бидејќи не направил стратегија со која ќе се врати во нормала по снимањето.
„Ми беше особено тешко да се привикнам на луѓето што се грижат за мене, повторно да станам отворен за нивната љубов. Се изолирав од љубовта, не ја сакав. Сакав да бидам на моето осамено место што е можно подолго“.
На крај, актерот сфатил дека мора да преземе нешто за да не му се влоши ситуацијата, па почнал да оди на психијатар по што се вратил во нормала.
Кејт Винслет во The Reader
Ликот на Кејт во The Reader е поранешна вработена во нацистички логор, а на актерката не ѝ било воопшто лесно да се справи со улогата.
„Уште пробувам да се помирам со целото искуство. Кога завршивме со снимање излегов од сетот како жртва на некоја трагедија која не е повредена однадвор, но никако не можев да зборувам за тоа. Бев преплавена со емоции. Бев во еден вид транс. Всушност, уште пробувам да се помирам. Филмот ме остави без зборови“.
Натали Портман во Black Swan
Оваа улога била мошне исцрпувачка за Натали - и физички, и психички.
„Тогаш првпат сфатив што значи тоа да се изгубиш во улогата до тој степен што може да те уништи“.
За филмот Натали мораше и драстично да ослаби – нешто што ѝ предизвикало дополнителни проблеми, а извесен период по снимањето размислувала да оди и на рехабилитација.
„Имаше ноќи кога буквално мислев дека ќе умрам“.