Фото-споредба: Како актерите од легендарниот филм „Тома“ визуелно ги доловија вистинските ликови?
Возбудливата животна приказна на авангардниот пејач Тома Здравковиќ, напишана од Никола Пејаковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Зоран Лисинац и Маја Тодоровиќ непрекинато мами воздишки не само во екс-Ју државите, туку и пошироко.
Извонредно поставената биографска приказна - од кал до слава и назад, со сите потопувања во различни пороци и заљубувања во повеќе жени е повеќе од доволна за мошне лесно да ги украде срцата на многубројните гледачи.
Овации, солзи и сеќавања, бидејќи смртта на Тома практично се совпадна со „смртта“ на Југославија – што дополнително го воздигна ова маестрално ремек-дело.
За професионализамот на врвната актерска „банда“ излишно е да се зборува, но дали знаете колку всушност тие се совпаднале со сличноста на вистинските, биографски ликови?!
Дел од нив се сепак фикција на сценаристите, како на пример прочуениот доктор, менаџерот Дрда и други…
Во продолжение за вас подготвивме фото-споредба која ќе прикаже како изгледале вистинските личности од животот на Тома, а како визуелно ги доловиле назначените актери:
Tома Здравковиќ – Милан Мариќ
Силвана Арменулиќ – Тамара Драгичевиќ
Гордана Здравковиќ - Сања Марковиќ
Нада Радановиќ – Милена Радуловиќ
Лилјана Благојевиќ – Паулина Манов
Новица Здравковиќ – Милан Колак
Косана Здравковиќ – Мирјана Карановиќ
Предраг Живковиќ - Тозовац – Иван Зекиќ
Лепа Лукиќ – Oливера Бачиќ
Кемал Монтено - Ѓорѓе Стојковиќ
Зоран Радмиловиќ - Радомир Николиќ
Здравко Чолиќ - Емил Фетаховиќ
Мила М. | Црнобело