Како изгледаат и што прават актерите од „Волшебнички“, 23 години по премиерата? (фото)
Дру Фулер – Крис Халивел
Една од позначајните улоги на Дру по завршувањето на „Волшебнички“ е во серијата „Army Wives“ од 2007 година. Актерот се има појавено и во неколку филмови, а има добиено и номинација во категоријата Најдобар актер на Филмскиот фестивал во Сан Диего.
Џулијан Мекмахон – Кол
Улогата во „Волшебнички“ беше полн погодок за Џулијан и оттогаш кариерата му тргна во нагорна линија. Тој се има појавено во два филмови за марвеловите „Fantastic Four“, а може да се пофали и за соработка со актери како Сандра Булок и Брус Вилис.
Доријан Грегори – полицаецот Дерил Морис
Доријан најголем дел од времето минува во подигнување на свеста за дијабетесот и активно собира средства за истражувања на болеста. Актерот самиот страда од оваа болест уште од 9-годишна возраст.
Доријан уште е активен во забавната индустрија, но со помали проекти.
Џенифер Роудс – Пенелопе (Пени) Халивел
За разлика од повеќето актери во серијата, Џенифер веќе ѝ беше позната на јавноста поради бројните улоги. Таа продолжи со снимање и по завршувањето на „Волшебнички“, а се има појавено во многу хит-серии како „The Mentalist“ и „CSI“.
Весли Рамзи – Вајат Халивел
По „Волшебнички“, Весли се има појавено во серии како „The Mentalist“, „Pretty Little Liars“ и „Grey’s Anatomy“, но секојпат со многу мали улоги.
Спирова С. | Црнобело