Страв од Ана Винтур, Мерил Стрип депресивна – по 15 години, нови забавни детали за The Devil Wears Prada

Никој не сакал да зборува за Ана Винтур бидејќи сите се плашеле од неа, Мерил Стрип била депресивна поради нејзиниот лик, а Ен Хатавеј била далеку од прв избор за улогата на Енди – филмската екипа открива интересни детали од снимањето на The Devil Wears Prada по повод 15-тата годишнина на филмот.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-01.jpg

Една од најпрепознатливите улоги на Мерил Стрип е дефинитивно во „Ѓаволот носи Прада“, но сега актерката откри дека за неа целото искуство било депресивно.

По повод 15-тата годишнина на филмот, Entertainment Weekly направи интервју со режисерот, сценаристот и актерите од популарниот филм, кои открија детали за снимањето што досега не ѝ беа познати на јавноста.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-03.jpg

За да го долови ликот на строгата уредничка Миранда Присли, која е инспирирана од Ана Винтур, Мерил користела посебна техника за глумење, каде што се обидува да ги долови емоциите на ликот преку лични искуства.

За изведбата да биде што е можно подобра, Мерил почнала да се однесува како Миранда и зад камерите, но ова имало многу негативно влијание врз неа.

„Беше ужасно. Бев мизерна. А ги слушав другите како се смеат. Бев многу депресивна! Дури им велев - ’Тоа е цената што треба да ја платам кога сум шеф‘“.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-02.jpg

Во интервјуто Мерил открива дека по улогата во Devil Wears Prada, повеќе никогаш не ја користела таа техника за глумење.

Ен Хатавеј, пак, откри дека поради посветеноста на Мерил, и зад камерите се чувствувала како да разговара со Миранда. Секојпат кога зборувала со Мерил, чувствувала и страв.

„Се чувствував исплашено, но знаев дека се грижи за мене. Знаев дека што и да прави за да ми го предизвика тој страв, го ценев, бидејќи знаев и дека се грижи за мене“.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-04.jpg

Режисерот на филмот, Дејвид Франкел, сподели дека Ен Хатавеј не била првиот избор за улогата на главниот лик Енди. Најпрво тој упорно се обидувал да ја натера Рејчел Мекадамс да ја прифати улогата.

Додека Ен се обидувала да ја добие улогата, режисерот бил убеден дека ја сака Рејчел, која, пак, неколкупати го одбила.

„Студиото беше убедено дека таа ќе ја глуми главната улога, но таа беше убедена дека нема да го направи тоа“, вели режисерот.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-05.jpg

Покрај Рејчел, режисерот размислувал и за Скарлет Јохансон, Натали Портман, Кејт Хадсон и Кирстен Данст, но Ен не се откажувала, па на крај ѝ ја дале улогата.

„Трпеливо чекав додека да ме изберат, и ми се јавија. Се сеќавам кога дознав дека ја добив улогата, само трчав и викав низ мојот стан. Тогаш имав неколку пријатели на гости, па само скокав низ дневната и викав ’Ќе глумам во The Devil Wears Prada!‘“, открива Ен.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-06.jpg

Филмот е направен според книга, а ликот на Миранда е инспириран од уредничката на Вог – Ана Винтур.

Поради ова, кога сценаристот сакал да истражува за светот на модата и за Ана, никој не сакал да зборува бидејќи им било страв од неа.

Режисерот сакал во филмот да се појават и неколку познати дизајнери, но сите одбиле поради страв од Винтур.

„Ни беше тешко да најдеме кој било од модниот свет што ќе зборува со нас, бидејќи луѓето се плашеа од Ана и од Vogue. Тогаш една личност конечно реши да зборува со нас, го прочита сценариото и рече ’Луѓето во овој филм се премногу добри. Никој во модниот свет не е толку добар. Не треба да бидат, и немаат време да бидат добри‘. Тогаш одлучивме да ги направиме ликовите малку позлобни“, изјави сценаристот.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-08.jpg

Режисерот откри и дека канцеларијата на Миранда во филмот била речиси идентична како канцеларијата на Ана Винтур.

„Немавме контакт со Vogue освен до Џес Гончор, дизајнерот на сетот, кој успеа да влезе во нивната зграда и да ја види канцеларијата на Ана… За филмот успеа да направи речиси идентична канцеларија како на Ана, а подоцна дознав дека таа го сменила изгледот на нејзината канцеларија откако го изгледала филмот“.

site-se-plashele-od-ana-vintur-meril-strip-bila-vo-depresija-novi-detali-za-snimanjeto-na-the-devil-wears-prada-po-povod-15-tata-godishnina-07.jpg

The Devil Wears Prada е филм од 2006 година, во режија на Дејвид Франкел. Филмот е направен според истоимената книга на Лорен Вајсбергер, која црпела инспирација од периодот кога работела во Vogue.

Филмот брзо стана популарен, наводно поради реалниот приказ на луѓето кои работат во светот на модата, вклучувајќи ја и уредничката на Vogue – Ана Винтур.

Филмот доби и две номинации за Оскар – најдобра актерка (Мерил Стрип) и најдобра костимографија.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Рајан Гослинг и уште 8 познати актери кои добиле отказ од филм (и зошто) Меган Фокс го навреди режисерот на серијалот Transformers, го спореди и со Хитле...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg