По цели 11 години: Како изгледаат актерите од шпанската атракција Tres metros sobre el cielo?!
Звучи неверојатно, но од премиерата на шпанската сензација „Три метри над небото“ се поминати цели 11 години, односно овој филм премиерно излезе во 2010 година.
За кратко време тој беше прогласен за најдобра премиера и ја заврши годината како шпански филм со најголема заработувачка за истата година.
Филмот е инспириран од постоечката новела , од италијанскиот автор Федерико Моча.
Во него посебно се истакна главниот актер Марио Касас, кој сѐ уште ужива во титулата на „мачо“ маж, но исто така важи и за еден од најдобрите шпански актери со многубројни улоги во разни филмови и серии.
По неверојатната гледаност, филмот Tres metros sobre el cielo во 2012 година доби свое продолжение именувано Tengo ganas de ti.
Постојат шпекулации дека целата приказна ќе се заокружи со филмска трилогија, но овие информации сѐ уште не се потврдени.
Во продолжение ве потсетуваме како изгледале ликовите од филмот Tres metros sobre el cielo некогаш, а како изгледаат денес:
Аче - Mарио Касас, 34 години
Баби – Марија Валверде, 34 години
Пољо – Алваро Сервантерс, 31 година
Катина – Марина Салас, 32 години
Даниела – Нереа Камачо, 25 години
Рафаела – Кристина Плазас, 51 година
Клаудио – Јорди Бош, 64 години
Чино – Луис Фернандес, 37 години
Мага – Андреа Дуро, 29 години
Џин – Клара Лаго, 31 година (Тengo ganas de ti)
Мила М. | Црнобело