10 филмови кои на извонреден начин ќе ве „прошетаат“ околу светот
6. Eurotrip, 2004
Подгответе се за неверојатно забавна прошетка низ Европа. Група пријатели, Американци патуваат низ голем број европски земји, обидувајќи се да пронајдат девојка што едниот од нив ја запознал на Интернет.
Впуштајќи се во непознатото, работите често умеат да излезат од контрола, но секогаш е забавно посматрањето на истите.
Тинејџерска комедија исполнета која вклучува прекрасни живописни глетки во Германија, Чешка, Рим и Англија.
7. Babel, 2006
Овој филм на мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес, локациски е сместен во 4 различни места низ светот и тоа: Мароко, Мексико, САД и Јапонија.
По несреќен преплет, животот на 4 семејства што живеат на 3 различни континенти, целосно се менува.
8. Eat Pray Love, 2010
Невозможно е да се изостави приказната каде што Џулија Робертс, разочарана од љубовта тргнува на патување: во Италија - да јаде, во Индија - да се моли, за на крајот во Бали - повторно да поверува во љубовта.
Филмот е базиран на автобиографскиот бестселер на Елизабет Гилберт.
9. Midnight in Paris, 2011
Американски писател пристигнува со својата свршеница во Париз. Таа ноќ, додека талка по улиците, тој е завладан од необјасниви ефекти на магија.
Овој маестрален филм на Вуди Ален нè носи на прошетка низ Париз на почетокот на дваесеттиот век, детално прикажувајќи ги прекрасните улички, кафулиња и најпрепознатливите знаменитости.
Совршен филм за сосема да се заљубите во сите агли на француската престолнина.
10. The Secret Life of Walter Mitty, 2013
Главниот лик, Валтер Мити работи во делот за фотографија во еден магазин, но тој длабоко во себе живее прилично здодевен живот, па така секојдневно фантазира како доживува големи авантури.
Неговиот сон се остварува кога една жена го вклучува во опасна авантура, во која ќе мора да патува низ Гренланд, Исланд, Њујорк, Авганистан и Лос Анџелес.
https://www.youtube.com/watch?v=HddkucqSzSM
Мила М. | Црнобело