10 филмови кои на извонреден начин ќе ве „прошетаат“ околу светот
Со сигурност можеме да кажеме дека во последно време, нашите движења, особено патувањата се ограничени, па во суштина преовладуваат убавите сеќавања и соништата за повторно создавање на истите – во што поскора иднина.
Документарните филмови се секогаш одлична, едукативна опција, но зарем не е повозбудливо за миг да „нурнеме“ во нов локациски бран, истовремено поврзувајќи се со филмските ликови и нивните карактеристични, животни приказни.
На овој начин, макар делумно можеме да уживаме во возбудливите авантури, разните знаменитости, како и прекрасните природни пејзажи низ целиот свет, кои „благо“ кажано - ни го одземаат здивот.
Исто така, овие филмови се одлични за запознавање на културите во државите ширум светот, така што покрај продлабочувањето на вашите знаења, ќе бидете целосно подготвени за вашето следно патување.
Со надеж за што поскоро враќање на старото „нормално“, во продолжение ви издвојуваме 10 одлични филмови кои ве водат на виртуелна прошетка низ убавините на светот:
1. Seven Years in Tibet, 1997
Oвој филм ќе ве однесе длабоко во планините на Тибет, до самото срце на тибетскиот будизам - Ласа.
Seven Years in Tibet ја раскажува приказната за бестрашниот истражувач, кој исчезнува цели седум години, а всушност неговите авантури се во актерските раце на единствениот Бред Пит.
Овој спектакуларен, биографски филм кој се базира на вистински настани од животот на Хајнрих Харер.
2. The Beach, 2000
Списокот со филмови за патувања нема да биде комплетен без одличниот The Beach, во кој глуми младиот Леонардо ди Каприо.
Ако не сте го посетиле Тајланд, а сакате барем приближно да го запознаете искуството, ова е вистинскиот филм за вас.
Изобилство од авантури, бегство, прекрасни плажи, неверојатна природа – едноставно, рај кој е премногу добар за да биде вистинит.
3. The Motorcycle Diaries, 2004
Овој филм го прикажува култниот Че Гевара, кога сè уште бил студент по медицина, односно заминувањето на моторска турнеја во Јужна Америка, заедно со неговиот пријател Алберто Гранадо.
Тие го напуштаат Буенос Аирес, со цел да започнат патување во кое ќе ја запознаат и разберат културната и социјалната разновидност на континентот.
Филм кој го издвојува контрастот помеѓу импозантните и прекрасни предели и рустикалниот начин на живот.
4. Into the Wild, 2007
Доколку не сте љубител на топлата клима, тогаш умствено отпатувајте низ рајските убавини на Алјаска.
Into the Wild раскажува приказна за Кристофер МекКендлес, кој реши да се откаже од сите свои богатства и да живее живот во автобус, на Алјаска.
Подгответе се за прекрасен поглед на езерото Тахо, реката Колорадо и прекрасните, разновидни животни.
5. Tracks, 2013
Можете ли да замислите сами да ги преминете австралиските пустини?
Токму тоа го сторил Робин Дејвидсон, кој во 1977 година одлучил сам со своето куче и неколку камили да „заплива“ во неверојатна авантура.
Тој патувал над 1.7000 милји, цели 9 месеци! Станува збор за биографски филм што сосема ќе ви го одземе здивот.