9 постари, но непредвидливи филмови за спас во досадните денови
Ако повеќе време поминувате барајќи филм, отколку што реално трае тој самиот, тогаш ова е листата која ќе ви се најде како „прва помош“ во досадните денови и ноќи.
Знаеме дека понекогаш е тешко да се одбере добар филм, но не секогаш мора да пребарувате низ новите филмски изданија.
Пополнете си дел од времето во текот на денот со овие непредвидливи сценарија:
Game Night, 2018 година
Главните ликови се група пријатели кои честопати се собираат за да играат друштвени игри.
Но, самите се вплеткуваат во мистерија кога братот на едниот од нив е киднапиран од опасни гангстери.
6 Souls, 2010 година
Психијатарка работи со маж кој има синдром на повеќекратна личност.
Кога сфаќа дека секој од идентитетите на нејзиниот пациент е жртва на убиство, пробува да ја разоткрие мистеријата.
https://www.youtube.com/watch?v=oefC63ULyME
Regression, 2015 година
Маж од Минесота е уапсен со обвинение дека ја малтретирал неговата ќерка. Иако самиот не се сеќава на ова, сепак ја признава вината.
Со помош на психолог, тој пробува да си го врати сеќавањето.
Во меѓувреме, детективите кои работат на случајот почнуваат да се сомневаат дека ќерката била жртва на сатанистички ритуал.
Blood, 2013 година
Двајца детективи, кои се и браќа, истражуваат свирепо убиство во мал град.
Но, случајно го убиваат главниот осомничен и сега треба да се справат со паранојата и чувството на вина од нивното злодело.