10 одлични комедии кои ќе ве опуштат после празниците
Празниците се време на радост, но создаваат и прилично многу стрес и притисок. После големите гозби и возбудата, сè што сакате е да се опуштите со лесно, добро филмче кое ќе ви ги растера грижите.
Ние го имаме „лекот“, односно 10 од нив, одлични комедии кои ќе ве опуштат после стресниот, празничен период:
Hot Rod
Род, наивен и прилично опуштен млад човек живее со својата мајка, братот и очувот по чија почит копнее.
Кога на неговиот очув му е потребна операција, Рид планира да постави рекорд во скокање со училиштен автобус за да ги собере потребните средства.
Trainwreck
Ејми е млад автор и е убедена дека врските и браковите немаат никаква вредност. Сепак, случајната средба со доктор по спортска медицина ја принудува да ги преиспита своите ставови.
21 Jump Street
Шмит и Џенко се пријатели од средно училиште кои стануваат полицајци. Двајцата се на тајна мисија глумејќи студенти со цел да го пронајдат изворот на опасна, синтетичка дрога.
The Grand Budapest Hotel
Харизматичниот Густав Х., консиерж, е погрешно обвинет за убиство во престижниот хотел „Гранд Будимпешта“. Во процесот на докажување на својата невиност, тој се спријателува со момче од лобито.
Spy
Сузан Купер, аналитичар која работи во ЦИА, нема воопшто искуство на терен надвор од своето работно биро. Кога еден агент е компромитиран, таа волонтира да работи како шпион.