Актерката Ема Корин е идентична копија на принцезата Дијана во новата сезона на „The Crown“
Новата сезона од The Crown ќе ја следи и приказната на Дијана, а според фотографиите од снимањето, актерката Ема Корин е совршениот избор за улогата на принцезата.
Фановите на The Crown со нетрпение ја очекуваат новата сезона, најмногу бидејќи конечно ќе биде прикажана приказната на принцезата Дијана.
Дејството на популарната серија го следи животот на кралицата Елизабета, а покрај неа се појавуваат сите поважни членови на британското кралско семејство.
Досега, гледачите имаа можност да ги видат принцот Чарлс, па дури и Камила, но дури во четвртата сезона ќе се појави Леди Ди.
Улогата ѝ припадна на Ема Корин, за која многумина изјавија дека е одличен избор. Неодамна, пак, се појавија и фотографии од четвртата сезона, а трансформацијата на актерката е толку добра, што нема ни да познаете дека станува збор за друга личност, а не Дијана.
На Instagram профилот на серијата споделија и фотографија од снимањето на сцените за венчавката на Дијана и Чарлс.
Ема Корин
Принцезата Дијана
Интересно е што дизајнерката Ејми Робертс, која работи на костимите на серијата, не сакала да направи точна реплика на венчаницата, туку направила фустан со „ист дух и стил“. Ема, пак, ги оставила сите без зборови кога ја пробала:
„Излегов од соблекувалната и сите престанаа да зборуваат. Оваа венчаница потсетува на Дијана повеќе од што било што носам во серијата“.
Актерката додаде и дека за да ја облече венчаницата, ѝ помагале дури 10 луѓе.
Ема изјави и дека притисокот што го чувствува поради улогата е огромен. Истовремено, веќе се чувствувала како да ја познава Дијана многу добро и би сакала да ја направи горда со оваа улога.
Премиерата на четвртата сезона е закажана за 15-ти ноември годинава и ќе се емитува на Netflix.
Спирова С. | Црнобело