10 одлични „stop motion“ филмови кои вреди да ги изгледате
Le Petit Prince
Овој француски филм е можеби најдобрата адаптација на истоимената книга.
Главниот лик во филмот е мало девојче кое е под постојан притисок од мајка ѝ, која веќе ѝ направила план за целиот нејзин живот. Откако таа и мајка ѝ ќе се вселат во нова куќа, девојчето се спријателува со новиот сосед - чуден пилот кој почнува да ѝ зборува за неговите патешествија и за Малиот принц.
Kubo and the Two Strings
Овој филм ја раскажува приказната на Кубо – младо момче кое тргнува на мисија да го спаси неговото семејство, но и да ја разоткрие мистеријата за неговиот татко самурај.
Кубо мора да се соочи со богови и чудовишта, а единствената помош што ја има е неговиот волшебен музички инструмент.
https://www.youtube.com/watch?v=vex0gPFnBvM
Isle of Dogs
Ова е филм на познатиот Вес Андерсон, во кој главните ликови се неколку кучиња.
Дејството е сместено во иднината, во дистописка Јапонија, каде што почнува да се шири некаков кучешки грип. Бидејќи вирусот може да се пренесе и на луѓе, градоначалникот одлучува да ги протера сите кучиња на еден остров.
Anomalisa
Главниот лик, Мајкл Стоун, знае како да ги мотивира другите, но неговиот живот станува сè подосаден и помонотон. Нештата се менуваат кога ја запознава Лиса – жена што, на некој начин, му ја враќа желбата за живот. Тогаш, Мајкл одлучува да остави сè зад себе и да се обиде да си ја најде среќата со Лиса.
Mary and Max
Оваа слатка приказна нема да ве остави рамнодушни.
Во филмот се раскажува за необичното пријателство „на далечина“ помеѓу две потполно различни личности – 8-годишно осамено девојче и 44-годишен маж со прекумерна телесна тежина.
Девојчето Мери живее во Австралија, кога еден ден здогледува телефонски именик за Њујорк. Љубопитноста ја тера да го разгледа именикот, и случајно ја одбира адресата на Макс, па одлучува да му напише писмо.
Спирова С. | Црнобело