10 одлични, потценети и помалку познати комедии кои ќе ви го разубават викендот
Дефинитивно на сите ни е потребна поголема доза на смеа со оглед на предизвиците со кои се соочуваме секојдневно.
Не секој филм станува популарен, што значи дека многу лесно може да испуштите добри филмови, само затоа што не го добиле потребното внимание од критичарите и публиката.
Ви предлагаме 10 потценети и помалку познати, но одлични комедии кои ќе ви го разубават претстојниот викенд:
Banana Split
Ејприл раскинува со нејзиното момче од средно и нејзиното срце е скршено. Неочекувано, таа се спријателува со неговата нова девојка, Клара.
Popstar: Never Stop Never Stopping
Конор, Овен и Лоренс стануваа познати откако го издаваат нивниот деби рап албум. Но Конор го напушта триото со цел да создаде успешна соло кариера.
Mr. Right
Марта се вљубува во Френсис, човек за кој верува дека е совршениот за неа. Како што нивната врска се развива, таа ја открива шокантната вистина за своето ново момче.
Good Boys
12-годишниот Макс за прв пат е поканет на забава на која очекува да го добие својот прв бакнеж. Тој се обраќа за совет од своите другарчиња, Тор и Лукас.
The Night Before
Итан, Ајзак и Крис се најдобри пријатели кои последните 10 години прават луди, заеднички, божиќни забави. Но, Ајзак се подготвува да стане родител, што значи само едно – последната забава мора да биде за паметење.