10 одлични, потценети и помалку познати комедии кои ќе ви го разубават викендот
The Fundamentals of Caring
Писател кој се повлекува од својата кариера станува негувател на неподвижно момче во инвалидска количка. Двајцата тргнуваат на патување кои ќе им ги промени животите засекогаш.
They Came Together
Моли е сопственичка на продавница за бонбони. Џоел е испратен да го затвори нејзиниот бизнис. Но, помеѓу двајцата се развива неочекувана романса.
Mr. Roosevelt
Млада жена е не толку успешна комичарка која не може да се прослави во Лос Анџелес. Таа мора да се врати дома во Остин, Тексас и по игра на случајноста да престојува кај своето поранешно момче и неговата прекрасна девојка.
Catfight
Вероника и Ешли се поранешни другарки од факултет кои случајно се среќаваат на коктел забава. Како што го надоместуваат изгубеното време, така нивното ривалство започнува да расте.
The Little Hours
Млад, згоден маж бега од законот и се засолнува во манастир со сексуално исфрустрирани калуѓерки. Додека се преправа дека не може да зборува ниту да слуша, тие се обидуваат да не му се препуштат на искушението.
(О)Милена | Црнобело