10 филмови кои докажуваат дека сите сме луѓе кои се соочуваат со истите проблеми
Доколку мислите дека депресијата, анксиозноста, анорексијата, скршеното срце, загубата на сакана личност... и многу други проблеми се резервирани само за одредена категорија на луѓе, тогаш грешите.
Сите сме луѓе, далеку од совршени и сите се соочуваме горе-долу со исти или слични проблеми.
Доказ за тоа се следните 10 одлични филмови во кои дефинитивно ќе се пронајде помалку или повеќе секој од нас:
All the Bright Places (2020)
Вајолет и Теодор се среќаваат на најчудниот можен начин и полека се спријателуваат. Додека двајцата се борат со емоционалните и физичките лузни од минатото, откриваат дека дури и најмалите и најобичните места околу нас имаат значење и може да блескаат навистина силно.
Филмот е работен според романот на Џенифер Нивен.
Lady Bird (2017)
Кристин „Лејди Брд“ Мекферсон се соочува со подемите и падовите на созревањето во текот на тинејџерските години, вклучително со нејзината мајка со која очигледно не може да најде заеднички јазик.
Someone Great (2019)
Џени раскинува со своето долгогодишно момче. Пред да се пресели од Њујорк во Сан Франциско, таа решава заедно со своите две најдобри пријателки да помине уште една луда, незаборавна вечер во градот кој никогаш не спие.
Wonder (2017)
Филмот е снимен според истоимениот бестселер и ја раскажува неверојатната, инспиративна приказна за Оги Пулман, детенце родено со голем деформитет на лицето коешто за првпат тргнува на училиште во петто одделение.
Five Feet Apart (2019)
17-годишната Стела најголем дел од својот живот го има поминато во болница поради тоа што боледува од цистична фиброза. Нејзиниот живот е исполнет со рутина, строги правила и самоконтрола, сè додека не го запознае Вил кој ја има истата болест како и таа.