10 филмови кои докажуваат дека сите сме луѓе кои се соочуваат со истите проблеми
I Still Believe (2020)
Работен според вистинска приказна, филмот го следи прославувањето на музичарот Џереми Кемп, подемите и падовите коишто ќе ги доживее, огромната загуба и потврдата дека никогаш не смееме да ја изгубиме надежта.
The Sun Is also a Star (2019)
Даниел и Наташа се запознаваат на неочекуван начин и по само еден поминат ден во Њујорк се вљубуваат еден во друг. Но, времето на Наташа во САД истекува брзо бидејќи нивната депортација од државата е веќе закажана.
The Edge of Seventeen (2016)
Животот на тинејџерите не е нималку лесен, а 17-годишната Надин е најдобриот доказ за тоа. Работите во нејзиниот живот дополнително се компликуваат кога нејзиниот брат започнува да се гледа со нејзината најдобра другарка.
To the Bone (2017)
Елен е 20-годишна девојка која страда од анорексија. Најголемиот дел од својот живот го поминала во ординации и различни програми кои очигледно не успеваат да ѝ помогнат, бидејќи секој пат е полесна за некој килограм откако ќе се врати дома.
The Half of It (2020)
Срамежлива и повлечена средношколка му помага на спортистот во училиштето да ја освои девојката во која е вљубен. Проблемот е во тоа што и таа е вљубена во истата девојка.
(О)Милена | Црнобело