10 одлични филмови погодни за љубовни парови
Приказните од реалниот живот се претвораат во филмски компилации кои светот ги следи со целосни емоции.
Од изборот на многу табу-теми, меѓу најпопуларните досега се оние кои ги сочинуваат врските, љубовните, брачните, како и оние „најскокотливите“ - сексуалните.
Ви предложуваме список од 10 филмчиња, совршени за опуштена атмосфера со вашиот партнер:
1. „Chloe“
Започнуваме со еден од најчудните филмови за парови, но сепак одличен. Жена од високата, елитна класа се сомнева дека нејзиниот сопруг ја изневерува.
За да ги поткрепи со факти своите двоумици, таа прави храбар потег и вработува проститутка, која всушност треба да ги „реши“ работите.
Но, спротивно на посакуваното, работите се заплеткуваат и дополнително создаваат горчлив вкус на конфузии и реакции во нејзиниот живот.
2. „Easy“
Станува збор за акумулација на љубовни приказни на различни парови кои се соочуваат со различни проблеми.
Филм за парови, ткаен околу љубовни двојки, кои се препуштаат во рацете на една жена која ќе се обиде да ги „зачини“ нештата.
Филм кој нѐ учи на неколку важни лекции.
https://www.youtube.com/watch?v=bzRjfA_9Akw
3. „Fracture“
Кога мажот дознава за „неверната природа“ на неговата сопруга, работите тргнуваат на лошо, а непосредното убиство уште толку ја заплеткува оваа трагична приказна.
Иако се работи за приказна со тажна тематика, сепак зазема завидна позиција во листата на филмови за парови.
4. „Home again“
Нешто повеќе од „обичен“ хаос.
Една девојка се разделува од сопругот и наоѓа љубов покрај маж кој ѝ дава простор полесно да „дише“.
Но, сè прекрасно се претвора во мрачно кога нејзиниот поранешен сопруг се враќа за да ја расипе „забавата“.
5. „Closer“
Овој пат извонредните Џулија Робертс и Натали Портман се една против друга.
Поврзаноста меѓу две љубовни двојки започнува да се распаѓа, откако мажот од едната двојка се впушта во афера со жената на другиот.
Вкрстување на патишта кое со сигурност ќе го одвлече вашето внимание.