20 филмови од 90-тите што вреди да ги изгледате барем еднаш
Girl, Interrupted
Направен според истоимените мемоари на Сузана Кајсен, овој филм ја раскажува приказната за две девојки кои се спријателуваат во ментална институција.
Главниот лик го глуми Винона Рајдер, а во филмот се појавува и Анџелина Џоли, со улога што ѝ донесе Оскар за најдобра споредна актерка.
The Virgin Suicides
Како повеќето филмови на листава, и овој е направен според книга.
Филмот е режисерското првенче на Софија Копола и ѝ ја зацврсти репутацијата на извонреден женски режисер.
Мрачната драма е една од најдобрите од 90-тите, а многупати е препорачувана и за средношколци.
James and the Giant Peach
Сите го знаат анимираниот филм на Тим Бартон „The Nightmare Before Christmas“, но малкумина зборуваат за овој „хибрид“.
„James and the Giant Peach“ е одлична адаптација на истоимената новела, но и неверојатно визуелно ремек-дело.
Rushmore
Вториот филм на Вес Андерсон е прекрасна драма за растењето.
Во овој филм ќе ги забележите првите знаци на препознатливиот стил на Андерсон, како светлите бои и неверојатната посветеност на деталите.
Interview with the Vampire
Ако сакате филмови и приказни со вампири, 90-тите го имаат најдобриот филм на оваа тема.
Антонио Бандерас, Том Круз, Кирстен Данст и Бред Пит се доволна причина да му дадете шанса на филмот.
Интересно е што Кирстен во филмот има само 10 години, и токму оваа улога го откри нејзиниот талент.
Fire Walk with Me
Ако ви се допаѓа серијата „Twin Peaks“ на неверојатниот Дејвид Линч, мора да го изгледате „Fire Walk With Me“.
Филмот ги прикажува последните денови од животот на Лора Палмер, девојката чие убиство се истражува во „Twin Peaks“.
Всушност, ова е филмот што го прослави трендот за правење „спиноф“ од телевизиски серии.
Philadelphia
Направен според животот на двајца адвокати, „Philadelphia“ е филм за правата на хомосексуалците и хомофобијата. Филмот го разгледува и влијанието на кризата со СИДА врз заедницата.
Дензел Вашингтон и Том Хенкс се во главните улоги, а Хенкс си заработи и Оскар за изведбата на Ендру Бекет.
What’s Eating Gilbert Grape
Џони Деп и Леонардо ди Каприо ќе ви ги покажат предизвиците од живеење со проблеми со менталното здравје.
Ова е емотивна приказна за двајца браќа, од кои едниот има попреченост во развојот.
Можеби филмот не се покажа најдобро на бокс-офисот, но доби само позитивни критики и на ди Каприо му донесе неколку номинации за Оскар.
Man on the Moon
Има ли нешто што потсетува повеќе на 90-тите од саундтрак од REM?
Оваа драма-комедија ја раскажува приказната на Енди Кауфман, а изведбата на Џим Кери е ништо помалку од импресивна.
Да не го направел овој филм, Џим никогаш не би почнал да работи на проекти како „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“.
Clerks
Ова е првиот филм што ни ги претставува Џеј и Тивкиот Боб. Филмот беше добро прифатен во свое време и со текот на времето си доби култен статус.
Всушност, ликовите Џеј и Тивкиот Боб се појавија и во „Mallrats“, „Jay and Silent Bob Strike Back“, „Clerks II“ и многу други.
Спирова С. | Црнобело