Славиме љубов и вино: 10 предлог романтични филмови
Ако сте денес расположени да ја славите љубовта во добро друштво, зошто да не ја испланирате вечерта со добро вино и романтично филмче?
Знаеме дека ви се здодевни секогаш истите приказни од постарите романтични комедии, па се обидовме да најдеме 10 понови предлози:
Isn’t It Romantic (2019)
Забавна романтична комедија за жена која станува неодолива за сите мажи, по удар во главата. Таа е изненадена и збунета бидејќи отсекогаш мразела романтични комедии во животот.
What Men Want (2019)
Приказната е за жена која одеднаш може да ги слуша мислите на сите мажи околу неа. Филмот е од минатата година, но е одличен избор за Денот на вљубените 2020.
Someone Great (2019)
Филм кој не е наменет за оние кои можеби скоро ја прекинале врската и тешко го поднесуваат истото. Филм кој ќе им помогне на оние кои се веќе во среќна врска, да го ценат повеќе фактот што се заедно и да се благодарни што се имаат едни со други.
The Art of Racing in the Rain (2019)
Приказна за тркач со автомобили кои си го обожава своето семејство. Во главните улоги се Аманда Сејфрид и Мило Вентимиља – тие се сопружници.
Always Be My Baby (2019)
Приказна за двајца најдобри пријатели кои пораснале заедно. Со годините, нивните патишта се раздвоиле, но кога ќе се сретнат, повторно им се враќаат чувствата.