Кои филмови треба да ги изгледате пред Оскарите 2020?
Marriage Story
Номиниран за: најдобар филм, главна машка улога, главна женска улога, споредна женска улога, оригинално сценарио, оригинална музика.
Запознајте ги Чарли и Никол. Она што започнало како одличен брак исполнет со љубов, среќа и страст се соочува со опасност да се сруши како кула од карти.
Judy
Номиниран за: главна женска улога, шминка и фризура.
30 години по филмот „Волшебникот од Оз“, најсаканата американска актерка и пејачка Џуди Гарланд пристигнува во Лондон, бидејќи има серија распродадени настапи во клубот Talk of the Town.
Little Women
Номиниран за: најдобар филм, главна женска улога, споредна женска улога, адаптирано сценарио, оригинална музика, костимографија.
Последната адаптирани верзија на романот „Мали жени“ е во режија на Грета Гервиг која им даде малку поинаква, пожива димензија на жените од семејството Марч.
Jojo Rabbit
Номиниран за: најдобар филм, споредна женска улога, адаптирано сценарио, костимографија, продукциски дизајн, филмско едитирање.
Џоџо е осамено германско момче кое ќе открие дека неговата самохрана мајка крие еврејско девојче на нивниот таван. Џоџо го има само неговиот невидлив пријател – Адолф Хитлер и мора да се соочи со својот слеп национализам во текот на Втората светска војна.
Honeyland
Номиниран за: најдобар странски филм, најдобар документарен филм.
Македонската гордост во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја отсликува Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во изолираното село Бекирлија.
Топла, тажна, маестрална и пред сè вистинска приказна за суровоста, но и убавината на животот, за великодушноста и себичноста, за она што значи да си едно со природата и да (не) сакаш да ја уништиш…
(О)Милена | Црнобело