Кои филмови треба да ги изгледате пред Оскарите 2020?

92-то издание на најпрестижната филмска манифестација Оскари се наближува. Ќе се одржи во Долби театарот во Лос Анџелес на 10 февруари.

Koi-filmovi-treba-da-gi-izgledate-pred-Oskarite-2020-01.jpg

Ние овојпат имаме уште поголема причина да ги гледаме Оскарите, всушност 2 – номинациите на филмот Медена земја (Honeyland) за најдобар документарен и најдобар странски филм.

Што друго треба да изгледате пред одржувањето на оскарите оваа година?

1917

Номиниран за: најдобар филм, режија, оригинално сценарио, оригинална музика, кинематографија, звучно едитирање, дизајн на звук, продукција, шминка и фризура, визуелни ефекти.

6 април, 1917 година. Двајца војници се во трка со времето да пренесат порака и да спасат 1600 мажи кои потенцијално влегуваат во смртоносна опасност.

 

Parasite

Номиниран за: најдобар филм, режија, оригинално сценарио, странски филм, продукција, филмско едитирање.

Ki-taek и неговото семејство се сите невработени, а особено се фасцинирани од животот на богатите и гламурозните Парк. Двете семејства ќе се поврзат на најнеочекуван начин преку инцидент кои им ги испреплетува животите.

 

Joker

Номиниран за: најдобар филм, режија, главна машка улога, адаптирано сценарио, кинематографија, оригинална музика, едитирање на филм, звучен микс, звучно едитирање, шминка и фризура, костимографија.

Приказната за настанувањето на Џокер, еден од најголемите негативци на Бетмен, чие вистинско име е Артур Флек.

 

Once Upon a Time in Hollywood

Номиниран за: најдобар филм, режија, главна машка улога, споредна машка улога, оригинално сценарио, кинематографија, продукциски дизајн, звучно едитирање, звучен микс, костимографија.

1969 година, златната ера на Холивуд, Лос Анџелес. ТВ актер чија слава полека избледува и неговиот дублер се обидуваат да постигнат слава и успех во филмската индустрија.

 

The Irishman

Номиниран за: најдобар филм, споредна машка улога (2 номинации), адаптирано сценарио, филмско едитирање, кинематографија, продукциски дизајн, костимографија, визуелни ефекти.

Во последната сага на Мартин Скорсезе, возач на камион по име Френк Ширан во ’50-тите години се поврзува да работи со Расел Бафалино и неговото криминално семејство. Како што Ширан се искачува повисоко на скалата на најмени, платени убијци, тој прифаќа задача и за Џими Хофа.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 одлични филмови каде главниот лик е негативец Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg