10 филмски спектакли кои нѐ очекуваат во 2020-та (втор дел)
Нова година, нови искушенија и предизвици, но и нови изненадувања за љубителите на филмови.
Несомнен е фактот дека филмската индустрија во 2019 година навистина брилираше.
Година која нè удостои со голем број на драми, документарци, комедии, трилери, акции, авантуристички филмови и маестрални римејкови кои ќе останат запаметени.
Иако 2020-та штотуку пристигна, се чини дека таа е одлично „подготвена“ за нејзина замена.
Не само што нѐ очекуваат еден куп маестрални филмови, туку и навистина голем број на продолженија и римејкови кои секогаш умеат да нè фасцинираат.
Претходната листа од 12 филмови ја дополнуваме со уште 10 кои со нетрпение ги очекуваме во 2020-та година:
1. Bad Boys for Life, 17 јануари
Лошите момци Мајк Лоури (Вил Смит) и Маркус Бурнет (Мартин Лоренс) се повторно заедно за едно „последно возење“ во долгоочекуваниот Bad Boys For Life.
2. The Gentlemen, 24 јануари
Мики Пирсон е американски иселеник кој се збогатува градејќи империја на марихуана во Лондон.
Овој успешен „бизнис“ набргу му носи многу непријатели кои го сакаат неговото богатство.
3. Legally Blonde 3, 14 февруари
Задолжително погледнете го враќањето на неповторливата Ел Вудс по речиси дваесетина години.
4. The Call of the Wild, 28 февруари
Филм кој треба да го погледне секој љубител на животни. Главните улоги ги заземаат Бак, кучето со „големо срце“ и неповторливиот Харисон Форд.
;5. A Quiet Place 2, 20 март
Семејството Абот овојпат мора да се соочи со ужасите во надворешниот свет и нивното молчење за опстанок.