Новогодишни цртани што треба да им се „препишат“ на сите кои престанале да веруваат во чуда
Дали веќе ја чувствувате празничната атмосфера? Аромата на цимет, украсените прозорци, накитените елки, но и новогодишните цртани се нештата што ја прават оваа сезона навистина магична.
Ова е период кога сите навистина веруваат во чуда, но за жал, постојат и оние кои ја изгубиле таа способност.
На овие луѓе треба да им се „препише божиќна терапија“, а следниве цртани се најдобриот рецепт за тоа:
Mickey’s Christmas Carol
Во овој цртан е прикажано дејството од класичната приказна на Дикенс - „A Christmas Carol“, овојпат преку ликовите на Мики и неговата дружина.
https://www.youtube.com/watch?v=ByAINYDyFXs
Prep & Landing
На Божиќ, елфот-почетник Лени и неговиот искусен колега Вејн треба да ги направат подготовките за пристигнувањето на Дедо Мраз. Но поради неискусноста на Лени, сите работи тргнуваат во погрешна насока.
The Snowman
Едно момче прави магичен снешко на Божиќ и ја има најдобрата празнична сезона досега.
Овој цртан е направен според сликовницата на Рејмонд Бригс, во која нема ниту еден дијалог или збор.
The Nightmare Before Christmas
Градот Halloween e дом на секакви страшни суштества кои сакаат да ги плашат децата. Но кога главниот лик, Џек Скелингтон, ќе дознае за Божиќ и за радоста и љубовта во овој период, тој почнува да крои злобен план…
How the Grinch Stole Christmas
Цртанот е направен според истоимената приказна на Доктор Сус. Гринч живее на врвот на еден рид и го мрази Божиќ. Еден ден тој решава да го уништи празникот за сите, па се преправа во Дедо Мраз и ги кради божиќните подароци.