Најпоучната Disney приказна посветена на децата со посебни потреби

 Оваа недела, над 10 милиони корисници започнаа да ја користат онлајн платформата Disney Plus.

Najpouchnata-Disney-prikazna-do-sega-posvetena-na-decata-so-posebni-potrebi 01 630x340.jpg

Станува збор за платформа која се одликува со разновидност и вклучува многубројни класични и оригинални содржини од кои гледачите се сосема воодушевени.

Disney отсекогаш се издвојувал од останатите со тоа што создавал впечатливи приказни кои навистина ни ги исполнуваат срцата. Но, на нивните изненадувања никогаш им нема крај.

Овојпат тие своите верни гледачи ги изненадија со современа приказна за чија содржина се крена огромна прашина.

Оваа приказна доаѓа директно од Pixar. За првпат е објавена на 12-ти ноември и за сега е достапна на каналот Disney Plus , под името „Float“  (пловење, односно лебдење).

„Float“ е краткометражна приказна за еден татко и неговиот син, кој има моќ дa ѝ се спротивстави на гравитацијата, односно да лебди!

Najpouchnata-Disney-prikazna-do-sega-posvetena-na-decata-so-posebni-potrebi 02 630x340.jpg

Приказната е наменета да допре до пошироката публика, но всушност креаторот на овој краткометражен филм, Боби Алцид Рубио ја напишал оваа приказна базирана на неговата вистинска врска со неговиот син кој има аутизам.

Низ приказната ќе забележите дека таткото прави сѐ што е во негова моќ за да избегне ситуации каде што неговиот син ќе се разликува од другите поради неговата несекојдневна способност, лебдењето.

Низ целиот филм таткото се обидува да го држи својот син приземен и избегнува контакт со тие што ја знаат вистината за него.

Najpouchnata-Disney-prikazna-do-sega-posvetena-na-decata-so-posebni-potrebi 03 630x340.jpg

Евидентно е дека таткото ги прави овие работи од љубов и желба да го заштити својот сакан син, но во еден момент од овој краткометражен филм, работите излегуваат од контрола.

Таткото му се лути на својот син, по што тој почнува да плаче. Овој клучен момент во филмот е делот каде што ќе се препознае секој родител на дете со посебни потреби.

Станува збор за момент каде што сите ние чувствуваме емпатија кон таткото, синот и ситуацијата која предизвикува емоционален слом.

Овој филм исто така располага со друга поучна содржина поради тоа што пренесува порака и за една Американско-Филипинска фамилија, прва од ваков тип за Pixar. Всушност и самиот творец Рубио е Филипинец.

Затоа, јадрото на приказната „Float“, исто така претставува приказна поврзана и со асимилацијата и растењето во едно општество како малцинство.

Филмот завршува со посветата на Рубио кон својот син Алекс која гласи:

„За Алекс. Благодарам што ме направи подобар татко. Со многу љубов и разбирање посветено кон сите семејства со деца кои се сметаат за „различни“.

Najpouchnata-Disney-prikazna-do-sega-posvetena-na-decata-so-posebni-potrebi 04 630x340.jpg

Заклучок е дека овој краткометражен филм задолжително треба да се погледне.

Поучниот „Float“ е моќен потсетник дека милоста, трпеливоста и разбирањето треба да бидат носечка сила помеѓу сите ние кои живееме заедно во ова место наречено дом.

Исто така, нѐ учи да ги прифатиме различностите и да не ги криеме, бидејќи секој од нас поседува вештина која не прави единствени и неповторливи. 

За крај погледнете го трејлерот на оваа извонредна приказна: 

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 носталгични филмови што ќе ве вратат во (средно)школските денови Никогаш нема да погрешите со Mean Girls, а ако сакате филм со посериозна тема, и...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg