Годините се само бројка… или не? Филмови и серии со огромна возрасна разлика помеѓу партнерите
House of Cards (2013-2018)
Френсис Андервуд е бескрупулозен политичар кој нема да застане пред никој и ништо додека не ја оствари својата цел – да стане претседател на САД. Зои Барнс е млада новинарка која е гладна за успех… а Френсис е одличен извор за нејзините текстови.
Call Me by Your Name (2017)
1983 година, северна Италија. 17-годишниот Елио започнува љубовна врска со асистентот на неговиот татко, Оливер кој е речиси двојно постар од него.
The Girl in the Café (2005)
Лоренс е резервиран службеник кој со години работи во британската влада. Кога случајно ќе ја запознае многу помладата Џина во едно кафуле, тој се вљубува на прв поглед.
5 to 7 (2014)
Млад писател започнува афера со постара жена од Франција која е мажена со дипломат. Единственото слободно време кога може да се гледаат е од 17 до 19 часот.
Friends (1994-2004)
Можеби Ричард не беше главниот лик, но секако беше една од најголемите љубови на Моника, после Чендлер секако. Зарем треба да постои некоја специјална причина да се изгледаат 10-те сезони на најдобрата Friends?
https://www.youtube.com/watch?v=hDNNmeeJs1Q
(О)Милена | Црнобело