Годините се само бројка… или не? Филмови и серии со огромна возрасна разлика помеѓу партнерите
Љубовта не познава граница. Во неа не се важни верата, националноста, расата… и годините. Барем многумина го делат ова мислење што послужило како инспирација за многу книги, песни и филмови.
Дали сте расположени да ги тестирате границите на вистинската љубов низ призмата на овие 10 филмови и серии кои ги одбравме на оваа тема?
Lost in Translation (2003)
Поранешна филмска ѕвезда кој ја нема повеќе некогашната слава оформува топло и необично пријателство во Токио заедно со млада, осамена и запоставена девојка од страна на нејзиниот партнер.
Younger (2015 -)
Лајза е 42-годишна жена која се соочува со развод и банкрот. Со цел да добие работа таа е принудена да лаже дека има само 26 години. Но, ситуацијата се заплеткува откако ќе го запознае младиот, секси Џош кој е убеден дека таа е на слична возраст како него.
The Diary of a Teenage Girl (2015)
1970 година, Сан Франциско. Мини е 15-годишна тинејџерка која полека почнува да се вљубува во новото момче на нејзината мајка.
Ask Me Anything (2014)
Кејти е млада девојка која почнува да ги споделува своите сексуални авантури анонимно на интернет. Работите се комплицираат кога таа се вљубува во постар маж додека ги чува неговите деца.
An Education (2009)
Џени е тинејџерка и одлична ученичка, чиј живот целосно се менува кога ќе го запознае Дејвид кој е 2 пати постар од неа. Но, таа мора да одбере што понатаму – љубов или кариера?