Најзабавните „страшни“ филмови кои можете да ги гледате со вашите деца

По повод Halloween, симболично ви предлагаме неколку играни и анимирани филмови во кои ќе уживаат и децата и возрасните. 

najzabavnite-strasni-filmovi-koi-mozete-da-gi-gledate-so-svoite-deca-01.jpg

Можеби после овие забавни „страшни“ филмови, децата ќе сфатат дека вештерките, духовите, чудовиштата и другите суштества не се навистина толку страшни.

Предлог филмови кои може да ги гледате со децата (зависно од возраста):

Hocus Pocus

Трите сестри Сандерсон се злобни вештерки кои доаѓаат во Салем поради одмазда. Планот им е да ги земат душите на сите деца. Изгледот на вештерките е крајно смешен, така што децата сигурно нема да бидат исплашени.

И самиот филм се одвива на Ноќта на вештерките, што го прави дополнително забавен.

The Witches

Кога едно момче открива тајна конвенција на вештерки во хотел во кој престојува со неговата баба, истите го претвораат во глушец за казна. Овој филм е малку застрашувачки, најмногу поради маските и специјалните ефекти, па затоа не е препорака за оние деца под дванаесет години.

Gremlins

Темната комедија со култниот статус зборува за слаткото суштество Гизмо. Но кога се прекршат правилата за чување на Гизмо, се појавуваат малку злобни суштества наречени гремлини.

Beetlejuice

Еден од оние чудни ликови што веднаш ќе ги запамтите е Битлџус. Тој е луд дух кој би требало да ги исплаши станарите на куќата, па користи разни креативни средства за да го стори тоа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
5 предлог филмови за тинејџери кои се полни со емоции Погледнете 5 предлог филмови за тинејџери кои ќе ви останат во сеќавање, а и ќе ...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg