Најзабавните „страшни“ филмови кои можете да ги гледате со вашите деца
Casper
За разлика од Битлџус, кој е злобен дух, Каспер е исклучително сладок и љубезен. Се работи за пријателството и љубовта помеѓу Каспер и една девојка, додека три други лоши духови ќе создаваат општ хаос.
https://www.youtube.com/watch?v=unyb6UTyl_U
Coraline
Анимирана stop-motion хорор фантазија ја раскажува приказната за љубопитната девојка Коралина. Таа открива дека целиот нејзин живот постои и во паралелна реалност. Таму сè е навидум совршено, но потоа приказната се движи во малку потемна насока…
Hotel Transylvania
Понекогаш луѓето, исто така, знаат да бидат страшни, па на чудовиштата им треба одмор. Така тие можат да се релаксираат во хотел каде што луѓето не се добредојдени.
Врколак, Мумија и Франкенштајн уживаат со своите семејства, но ќерката на Дракула сепак сака да го истражи човечкиот свет.
Ашера | Црнобело