10 филмови со женски главни улоги кои треба да ги изгледаат сите мајки и ќерки

Доколку сте жена, тогаш гледањето филм со главна женска улога сигурно ќе направи да се чувствувате инспирирано и моќно.

10-filmovi-so-zhenski-glavni-ulogi-za-site-majki-i-kjerki-01.jpg

Пораките што девојчињата ги добиваат од филмовите можат да ги оформат нивните ставови и мислења за себе.

Па, ако барате добар филм за да го изгледате со вашата ќерка, без разлика на нејзината возраст, треба да им дадете шанса на следниве десет:

Dumplin’

Ова е приказна за Вилоудин, средношколка која е голем обожавател на Доли Партон и феминистка која се бунтува против традицијата на мајка си за учествување на натпревари за убавина.

Овој филм можеби изгледа како романса, но всушност ќе ве научи да бидете свои, без разлика на сè. А токму оваа порака им е потребна на многу млади девојки.

Hidden Figures

Овој филм ја раскажува приказната за трите жени со темна боја на кожа кои помогнаа во лансирањето на Џон Глен во вселената.

И покрај тоа што биле соочени со расизам и сексизам, тие ја исполниле својата цел. Математичарките Кетрин Џонсон, Мери Џексон и Дороти Воган се најсилните главни женски ликови што можете да ги видите.

Mulan

Сигурно се сеќавате на оваа класика на Дизни. Покрај прекрасната музика, сцените со борби и смешниот змеј што зборува, она што го прави филмот неверојатен е приказната на главниот лик – Мулан.

Мулан се преправа во маж, само за да го замени нејзиниот татко кој е регрутиран во војска. Таа успева да им докаже на сите дека и покрај тоа што е жена, таа е паметна, силна и одличен лидер.

Captain Marvel

Наместо да се фокусира на изгледот на суперхеројот, приказната се задржува на тоа како Керол Денверс се открива како личност. Она што ја прави Керол уште посилна, е тоа што нејзината вистинска сила доаѓа од најдрагите жени во нејзиниот живот.

A League of Their Own

Ова е преработена верзија на вистинска приказна. Филмот раскажува за група жени од првата женска професионална бејзбол лига во Америка.

Сите девојки се обидуваат да се докажат во спорт каде што доминираат мажите, додека се грижат за нивните семејства и пријатели.

Ова е одличен филм за жени кои, работејќи заедно, успеваат да создадат нешто од ништо.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични психолошки трилери од 2020-тите што можеби сте ги пропуштиле Ако сакате да ја видите мрачната страна на Лондон во 1960-тите, изгледајте го La...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg