25-годишната Македонка Симона ќе глуми во новиот филм „Црната вдовица“ на Marvel со Скарлет Јохансон
Филмот „Black Widow“ или „Црната вдовица“, работен според стриповите на Marvel, е во фаза на снимање, чија премиера се очекува во мај, 2020 година.
Во главната улога се појавува Скарлет Јохансон и го глуми агентот Наташа Романов, а дејствието ги опфаќа нејзините авантури во периодот помеѓу Civil War и Infinity War.
На големо изненадување, во филмот ќе глуми и 25-годишната Македонка Симона Браун-Живковска.
THRILLED to finally announce that @simonazivkovska is currently filming #Marvel movie #BlackWidow due for release next year! Can't WAIT!! #ProudAgent @IAGtalent @Marvel pic.twitter.com/VEKktfqIQ5
— Jonathan Hall - IAG (@IagJonathan) September 10, 2019
Прекрасната актерка е британски државјанин, но родена е во Скопје на 24 јуни, 1994 година. Во 2001 година се сели во Велика Британија со родителите.
Досега глумела во ТВ серијата Devils и се појавила во повеќе кратки филмови.
Неверојатно сме горди на успехот на Симона и ѝ посакуваме успех, очекувајќи ја наскоро на филмското платно.
(О)Милена | Црнобело