Зошто филмските постери се толку слични едни со други?
Во светот полн со информации и реклами, оригиналниот филмски постер ќе ве натера да застанете и да обрнете внимание на него.
Се сеќавате ли на постерот на огромната ајкула која се движи кон пливачот на површината на водата, односно постерот за филмот „Ајкула“ на Спилберг од 1975 годинa?
Или можеби се сеќавате на молецот на устата на Џоди Фостер на постерот за познатиот трилер „Кога јагнињата ќе стивнат“?
Веројатно забележавте и дека денешните постери за филмови се, речиси исти, или во најмала рака слични едни со други.
Зошто е ова така?
Една од главните причини за овој феномен е секако тоа што филмските продуценти не сакаат да ризикуваат многу. Тие често следат веќе проверена формула, која порано се покажала како успешна.
Тие ќе одвојат околу 100.000 долари за да создадат постер за нивниот нов филм, но ќе побараат од дизајнерите да го имплементираат веќе видениот образец за соодветниот филмски жанр.
Ова се неколку актуелни трендови во дизајнот на постерите за холивудските филмови:
Комбинација на нијанси на сина и жолта / портокалова боја
Како што можете да видите на сликата погоре, постери со комбинација на сина и жолта, односно, портокалова боја најчесто се користат за промовирање на филмови со многу акција.
Овие бои се наоѓаат на спротивните краеви на кругот на боите, поради што обезбедуваат добар визуелен контраст на постерите.
Бела позадина за романтични комедии
Кога продуцентите бараат од дизајнерот позадината на постерот да биде бела, тоа значи дека сакаат луѓето лесно да ги приметат главните актери во филмот.
Ова обично се прави во случај на романтични комедии, и како што е прикажано погоре, главните протагонисти на таквите филмови често се потпираат еден на друг.
Постерите стануваат потемни
Научните истражувања покажале дека филмските постери во последната деценија стануваат сè потемни. Која е причината?
Многумина тврдат дека ова е поврзано со голема популарност на трилери, акција и научно фантастични филмови.
Исто така, постои верување дека постерите за суперхерои и епска фантастика се потемни за да им сигнализираат на возрасните дека филмот што го рекламираат не е само за деца.
Постери на кои главните ликови се свртени со грб
Кога главниот лик на филмот е свртен со грб ова обично ни кажува дека се работи за мрачен херој, кој не зборува многу, туку ја завршува својата работа.
Овој тренд не е специфичен за специфични жанрови, а може да се забележи на постери за вестерни, акциски филмови, анимирани филмови, како и мелодрами.
Жолта е бојата на независните филмови
Кога авторите на независните филмови сакаат да излезат од толпата, тие бараат жолти постери за нивните филмови.
Ова е понекогаш навистина ефикасно, но станува клише и само уште една формула која сите ја копираат.
Ашера | Црнобело