7 причини зошто да ја гледате хит мини серијата Чернобил
Серијата прави да ви се смрзне крвта во вените, да не можете да спиете и со денови да читате на интернет за оваа нуклеарна катастрофа.
Серијата „Чернобил“ има одличен рејтинг на IMDb и со неа инстантно се опседнаа луѓето ширум светот.
Зошто треба да ја гледате и вие:
Презентира реални настани
5-те епизоди од по 1 час говорат за најголемата нуклеарна катастрофа на светот од 26-ти април 1986.
Никој со сигурност не може да тврди што точно се случило таа ноќ, а креаторите на серијата долго време проучувале материјали од катастрофата. Во серијата некои ситни работи не се точни, но големата слика е таа.
Тешката работа на одличната екипа
Режисерот и целата екипа напорно работеле за да постигнат чувство на реалност во сè што се случуваше во серијата и од разговори со научници до интервјуа со луѓе кои живееле во поранешниот Советски сојуз, со години се правеле подготовки.
Добар избор на актери
Одличен звук кој прави да верувате во реалноста на случувањата
Автентична атмосфера
Снимано е во Литванија и Украина, а дури и во центарот на Киев биле блокирани улици за снимање на некои сцени.
На крајот една сцена дури е снимана во самиот Припјат, онака како што изгледа денес.
Внимание на деталите
Луѓе кои пораснале во Советскиот Сојуз сигурно при гледањето на серијата ќе си речат: „Ох, имавме таква работа дома“.
И иако актерите зборуваат на англиски, сето друго што се слуша на телевизиските вести, објавите и слично е на руски.
Зголемен интерес за трагедијата
Серијата прави да ви смрзне крвта во вените. Постојано сте под тензија и прави по гледањето да се интересирате за нуклеарната катастрофа, да читате книги и статии на таа тема.
Таа постигна неверојатно актуализирање на настанот.
С. С. | Црнобело