Факти за најпознатите херои на Дизни, кои сигурно не ги знаевте
Сите ги сакаме цртаните филмови. Ги сакавме како деца, а и денес уживаме да ги гледаме во друштвото на најмладите. Најпознатиот креатор на цртани филмови е, секако, безвременскиот Волт Дизни.
Веројатно сте убедени дека знаете сè за хероите на Дизни следниот, но во следниот текст ќе се обидеме да ве разубедиме. Ова сигурно не го знаевте за некои од најпознатите карактери на Дизни.
Мики Маус требало да се вика Мортимер
Кога Волт Дизни ѝ го предложил името Мортимер на својата сопруга Лилијан, таа не верувала дека ова име ќе се совпаѓа со карактерот на ликот. Името Мортимер е заменето со Мики Маус, а остатокот е историја.
Мортимер Маус на крај станал најпознатиот арогантен непријател на Мики, кој повремено се појавувал во кратките филмови од 1936 година.
Мини и Мики го слават роденденот на истиот датум
Во 1933 година, Волт Дизни изјавил дека роденденот на Мики Маус ќе биде на 1 октомври, 1928 година, бидејќи тоа бил „денот кога го започнал својот прв цртан филм“.
Сепак, во 1978 година, Дејв Смит, основачот на архивата на Дизни, го сменил датумот на 18 ноември, 1928 година, односно премиерата на „Steamboat Villie“. Краткиот анимиран филм од 1928 година во која официјално биле претставил Мики и Мини Маус.
Булеварот на славните
На 18 ноември 1978 година, Мики Маус станал првиот лик на Дизни кој добил своја Холивудска ѕвезда. Тој воедно бил и првиот цртан лик со ѕвезда на булеварот на славните.
Уште шест други ликови ја добиле својата ѕвезда: Снежана (1987), Кермит (2002), Пајо Паторот (2004), Вини Пу (2006), Ѕвончица (2010) и Мапетовци (2012).
Маќеата на Заспаната убавица и Пепелашка се иста личност
Актерката Еленор Одли го дала гласот и на едната и на другата маќеа.
Покахонтас е единствената принцеза на Дизни чиј лик бил базиран врз вистинска личност
Вистинското име на Покахонтас било Амоунте. Покахонтас и бил само прекар што значел „игриво или лошо однесување“.
Таа била само дете кога се запознала со Џон Смит, а не возрасна жена, како што било претставено во цртаниот филм, и тие немале романтична врска.
Само две принцези на Дизни имаат натприродни моќи
Додека во цртаните на Дизни дејствието најчесто се фокусира околу магијата, водечките дами ретко поседуваат магични способности. Постојат само два исклучоци – Златокоса со нејзината коса и Елса со нејзините ледени моќи.
Ракот од Малата сирена не се вика Себастијан
Како што е откриено на почетокот на филмот, неговото целосно име е Хорасио Телониус Игнациус Крустациус Себастијан.
Ѕверот има карактеристики на многу животни
Аниматорот Глен Кејн открил дека ликот на Ѕверот од „Убавицата и Ѕверот“ ги има нозете на волкот, опашката на кучето, телото на мечката, главата на бизонот, веѓите на горилата, гривата на лавот и лицето на дивата свиња.
Џеки Чен толкувал две популарни улоги
Во кинеската синхронизација на „Убавицата и Ѕверот“, Чен го толкува гласот на Ѕверот, а истото го направил и во синхронизацијата на филмот „Мулан“, каде го толкувал гласот на капетанот Ли Шенг.
Ашера | Црнобело