Познати филмски ликови кои се создадени според вистински личности
Филмските ликови можат да бидат плод на имагинација, можат да бидат поврзани со вистински настани, а понекогаш се мешавина од двете.
Идеите на сценаристите често се поврзуваат со конкретни места, настани, луѓе, па така некои од култните филмски ликови биле вистински личности.
Ова се неколку познати филмски ликови кои се создадени според вистински личности:
Зоро
Зоро е еден од најпознатите филмски ликови од 1990-тите, а треба да претставува мексиканска верзија на Робин Худ.
Имено, човек по име Хоакин Муријета бил рудар чие семејство постојано било напаѓано, а владата не преземала никакви мерки. Затоа Муријета решил да ги преземе работите во свои раце. Тој организирал банда која ограбувала и убивала.
Норман Бејтс - Психо
Филмот на Хичкок, „Психо“, е еден од најпознатите хорор филмови, а неговото дејствие го следи животот на Норман Бејтс, кој се поистоветува со неговата мртва мајка.
Ликот е создаден според Ед Гејн, сериски убиец кој во 1950-тите, исто како и Бејтс, почнал да се поистоветува со неговата мајка.
Северус Снејп - Хари Потер
Џ.К. Роулинг создаде магичен свет во своите книги за Хари Потер. Еден од највпечатливите ликови во книгата и филмот е професорот Северус Снејп, а инспирацијата за неговиот лик Роулинг ја пронашла во професорот по хемија, Џон Нетлшип.
Тој првично бил незадоволен од тоа како е презентиран во книгата, но на крајот бил среќен и горд.
Попај
Растење со цртани филмови е дел од сечие детство. Цртаните филмови ни даваат пример за тоа како треба да се однесуваме. Креаторот на морнарот Попај, Е.Ц. Сегер, својата инспирација ја пронашол во локалното „жестоко“ момче по име Френк „Роки“ Фигел.
Фигел, не само што изгледал како Попај, туку имал и карактер како славниот морнар.
Шерлок Холмс
Артур Конан Дојл го создал Шерлок Холмс во 1887 година според ликот на Јозеф Бел, кој предавал форензика. Како и Холмс, и Бел ѝ помагал на полицијата во решавањето на криминалот.
Ашера | Црнобело