Продолжен филмски викенд: 10 филмови кои едноставно зрачат среќа

Во овој празничен и продолжен викенд сигурно ќе пронајдете слободно време да изгледате неколку филмови. А што е подобро од филмовите кои едноставно зрачат среќа и ќе ви нацртаат насмевка на лицето?

10-filmovi-koi-edostavno-zracat-srekja-01.jpg

Многу хумор, љубов и топлина се кријат во нашите 10 предлози.

Филмови скроени да се гледаат додека уживате сами или во кругот на семејството, задолжително изгледајте ги:

The Secret Life of Walter Mitty (2013)

Волтер Мити работи за списанието Life и живее прилично монотон живот. Потајно е вљубен во неговата колешка, но смета дека е недостоен за неа. Кога новиот сопственик на списанието ќе го испрати на патување со цел да ја направи совршената фотка за новото издание на списанието, започнуваат авантурите на Волтер за кои сонувал целиот живот.

https://www.youtube.com/watch?v=HddkucqSzSM

Yes Man (2008)

Карл Ален е заглавен во секојдневната рутина и сопствената негативност. Но еден семинар за самопомош ќе го поттикне да каже „ДА“ на сите нови предизвици кои му ги сервира животот. Неговиот живот целосно се трансформира, но дали позитивното мислење е секогаш пожелно?

My Big Fat Greek Wedding 2 (2016)

Во второто продолжение на успешната романтична комедија, Тула и Иан веќе ја имаат изгубено искрата во бракот. Згора на тоа, мора да се справуваат со нивната ќерка тинејџер која не сака да има ништо со грчките традиции и со семејството на Тула кое старее и бара внимание и грижа.

Billy Elliot (2000)

11-годишниот Били Елиот е син на рудар. Еден ден наместо на часовите по бокс, случајно ќе „заглави“ на час по балет. Били ја открива неговата желба и талентот за танцување, додека сите други имаат мислење за неговата новооткриена страст.

WALL-E (2008)

WALL-E е последното останато роботче на планетата Земја. Тој ги поминува своите денови средувајќи го ѓубрето. Но во текот на 700 години самотија, WALL-E ќе развие сопствен идентитет и карактер кој е апсолутно неодолив и ќе ве доведе до солзи и смеа.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови со кучиња кои можете да ги гледате и со вашите деца Љубовта кон животните е посебна, а кучето, како најдобар пријател на човекот, мо...
10 романтични филмови кои се совршени од почеток до крај Емотивниот The Notebook и забавниот Pretty Woman – некои филмови, иако можеби не...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg