Холивудски собир во Хрватска – Први фотки од Рајан Рејнолдс, Салма Хајек и Семјуел Л. Џексон на снимање во Ровињ
Холивудските актери се собраа во Хрватска по повод снимање на нов филм, а папараците успеаја да уловат дел од снимањето на сцените.
Семјуел Л. Џексон, Салма Хајек и Рајан Рејнолдс неодамна пристигнаа во Ровињ за снимањето на продолжението на „The Hitman’s Bodyguard“, кое ќе биде насловено „The Hitman's Wife's Bodyguard“.
Семјуел на неговиот Инстаграм профил објави прекрасни фотки од Ровињ, а Салма објави фотка со колегата Рајан и од неа со прекрасна позадина од хрватскиот град.
Секако, покрај фотките кои самите актери ги споделија на социјалните мрежи, папараците во Хрватска успеаја да уловат неколку кадри од снимањето.
Сцените се одвиваат на плажа и покрај брег, а се пропратени со „убијци“ и агенти од Интерпол, па фотографирањето сигурно било возбудливо.
Погледнете фотки од снимањето во Ровињ:
М. М. | Црнобело