Интересни факти за анимираниот филм „Дамбо“
Во текот на овој месец ќе биде реализирана „live action“ верзијата на познатиот Дизниев „Дамбо“, која беше најавена уште од 2014 година. Режисер на филмот е Тим Бартон.
Додека тоа да се случи, не е лошо да дознаеме нешто повеќе за верзијата на Дизни:
Сè почнало од книга
Како и повеќето адаптации на Дизни, така и „Дамбо“ е инспириран од книгата „Дамбо - летечкиот слон“ на Хелен Аберсон и Харолд Перл. Всушност, се работело за интерактивна сликовница за деца.
Продукцијата морала да биде евтина
Поради тогашната ситуација во Дизни, продукцијата доста штедела на овој филм, за да го направи што е можно поевтино.
Дамбо е прогласен за цицач на годината на „Тајм“
Магазинот „Тајм“ го прогласил Дамбо за цицач на годината и планирале да го испечатат на насловната страница. Но, откако се случил нападот на Перл Харбор, Дамбо добил само неколку страници внатре во магазинот.
„Дамбо“ е најкраток анимиран филм на Дизни
Филмот трае вкупно 64 минути, бидејќи Волт инсистирал да се држат стриктно до сликовницата и да не додаваат други настани.
„Дамбо“ му бил омилен на Волт Дизни
Волт Дизни го обожавал овој анимиран филм, бидејќи уште од самиот почеток му прираснала приказната за срцето. Во 2006 година за малку ќе бил закажан и втор дел, но тој никогаш не се случил, бидејќи креативните директори на Дизни и Пиксар не успеале да се договорат околу дејството од филмот.
Песничката „Baby Mine“ била номинирана за Оскар
Е. Д. | Црнобело