30 години подоцна: Меколи Калкин е повторно „сам дома“ во божиќна реклама за Google
Меколи Калкин речиси 30 години подоцна повторно нè враќа детството со реклама инспирирана од најпопуларниот божиќен филм „Сам дома“.
Во нова реклама за Google Assistant, поранешната детска ѕвезда Меколи Калкин ја репризираше својата улога како Кевин МекКалистер.
38-годишната ѕвезда е повторно „сам дома“ за Божиќ, но додека во 1990-та Кевин одеше до крајни граници за да се грижи за себе и спаси додека родителите не му се тука, во 2018-та е сосема поинаков случај.
Сега, работите се многу поедноставни, благодарение на вештачката интелигенција и паметните телефони.
Рекламата започнува како тој влегува во празна соба и го прашува Google што му е на распоред, а дигиталниот асистент го потсетува дека ја има куќата само за себе.
Тој ужива и ги репризира сите најдобри сцени од оригиналниот филм, се бричи, но сега е позрел и знае како паметно да ги употребува козметичките производи, па не ја повторува сцената со викањето.
Но, таа зрелост не го спречува да скока на креветот како дете, иако неговото тело како возрасен протестира, а во модерното време е полесно да се справи и со крадци.
Изгледајте ја целата реклама и насмејте се на спомените од детството во одлична комбинација со модерната технологија:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=23&v=xKYABI-dGEA
Рекламата е толку добро снимена и внимавано е на секој детаљ, па сцените од 1990 и 2018, совршено се поклопуваат.
За оние кои не се сеќаваат, погледнете споредба помеѓу оригиналниот филм и рекламата:
Home Alone: 1990 vs 2018. This lines up so well! ?? Google
Posted by LADbible on Thursday, 20 December 2018М. М. | Црнобело