Мрзнење на -25 °C, јадење суров црн дроб од бизон: Најстрашните искуства на актерите на снимањата
Холивуд не се сведува само на стилисти, рефлектори и многу пари. Актерската професија си носи своја тежина и предизвици.
На прв поглед ви изгледа како во светот на кинематографијата да нема опасности.
Но, често тоа не е така. Актерите мора да се соочуваат со разни предизвици за време на снимањата.
За да ги доловат успешно своите ликови тие понекогаш навистина страдаат:
Леонардо ди Каприо
На снимањето на филмот „The Revenant“ морал да јаде суров црн дроб од бизон и покрај фактот што е вегетаријанец.
Тој за оваа улога симна и многу килограми и пушти брада, но вредеше.
Силвестер Сталоне
Во филмот „The climb“ актерот морал да го надмине својот страв од височини.
Тој кога ја прифатил улогата не очекувал дека сам треба да ги изведува триковите на височина, но „бестрашниот Рамбо“ собрал храброст за предизвикот и успеал да го надмине стравот.
Мет Дејмон
На снимањето на филмот „We bought a zoo“ Мет Дејмон морал да се избори со својот страв од змии. Тој бил разочаран кога слушнал дека животните на снимањето ќе бидат вистински, а не компјутерски додадени.
Тоби Мегваер
Ѕвездата на „Spider-Man“ се плашела од височини, но улогата му била толку привлечна што одлучил да се предизвика себеси и да ја прифати.
Натали Портман
Пред снимањето на „Black Swan“ за ликот на балерина актерката морала да ослабе многу со стресни диети и напорни тренинзи што влијаело негативно и на нејзината ментална состојба во тој период, но за среќа филмот излезе вистинско ремек дело.
Никол Кидман
Никол изгледа нежно и кршливо. За време на снимањето на мјузиклот „Moulin Rouge“ таа скршила едно ребро додека партнерот за танцување ја фрлил во воздух, а потоа уште едно кога била стегната во корсет.
Но, Никол Кидман продолжила храбро со снимањата и филмот испадна неверојатен.
Шарлиз Терон
Актерката при снимањето на филмот „Snow White and the Hunter“ во многу сцени требала да вреска толку гласно и долго што ги повредила абдоменалните мускули и завршила во болница.
Актерите од „The Game of Thrones“
Снимањето на седмата сезона на познатата серија се случувало на -25 ° C во Исланд.
Тие биле без капи на силните ветришта, студот и мразот, но храбро издржале и ги снимиле сцените.
С. С. | Црнобело